Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Коринќаните 7:1-40

7  А сега за она за кое пишувавте: добро е човек да не се допира+ до жена.  Но, бидејќи блудот е многу раширен,+ секој маж нека има своја жена+ и секоја жена нека има свој маж.  Мажот нека ја исполнува брачната должност спрема жената,+ а исто така и жената спрема мажот.+  Жената не е господар над своето тело, туку мажот,+ а исто така и мажот не е господар над своето тело, туку жената.+  Не лишувајте се еден од друг,+ освен по договор, за некое време,+ за да се посветите на молитвата, па тогаш повторно состанете се, за да не ве искушува Сатана+ поради тоа што не можете да се воздржите.+  Меѓутоа, ова го велам како дозвола,+ а не како заповед.+  А би сакал сите луѓе да бидат како што сум јас.+ Но секој има свој дар+ од Бог, едниот ваков, другиот онаков.  А на оние што не се во брак+ и на вдовиците им велам: добро им е да останат како што сум јас.+  Но, ако не можат да се самосовладуваат,+ нека стапат во брак, зашто подобро е да се стапи во брак+ отколку да се гори од страст.+ 10  На оние што се во брак им заповедам, но не јас, туку Господарот,*+ жената да не си заминува од мажот+ 11  ако сепак си замине, нека остане немажена или нека се помири со мажот — и мажот да не ја остава жената. 12  А на другите им велам јас, а не Господарот:+ ако некој брат има жена која не е верница, а таа се согласува да живее со него, нека не ја остава, 13  а исто така и жена која има маж што не е верник, и тој се согласува да живее со неа, нека не го остава мажот. 14  Зашто, мажот кој не е верник е посветен преку својата жена, и жената која не е верница е посветена преку братот. Инаку вашите деца би биле нечисти,+ а сега се свети.+ 15  Но, ако оној што не е верник сака да си оди,+ нека си оди. Братот или сестрата во тој случај не се врзани, бидејќи Бог ве повика да живеете во мир.+ 16  Зашто, како знаеш, жено, дека нема да си го спасиш мажот?+ Или како знаеш, мажу, дека нема да си ја спасиш жената?+ 17  Инаку, секој нека живее* онака како што му определил Јехова Бог,+ онака како што го повикал.+ Така одредувам+ во сите собранија. 18  Дали некој е повикан како обрежан?+ Нека не го преправа обрежувањето. Дали некој е повикан како необрежан?+ Нека не се обрежува.+ 19  Обрежувањето+ не значи ништо, и необрежувањето+ не значи ништо, туку важно е држењето за Божјите заповеди.+ 20  Секој нека остане во онаа состојба во која бил повикан.+ 21  Дали си повикан како роб? Не грижи се!+ Но ако можеш да станеш слободен, искористи ја можноста. 22  Зашто, секој што во Господарот бил повикан како роб, тој е ослободен+ и му припаѓа на Господарот.* Исто така, кој бил повикан како слободен,+ роб е+ Христов. 23  Скапо сте купени+ — немојте повеќе да им бидете робови+ на луѓето! 24  Браќа, секој нека остане во единство со Бог, во онаа состојба во која бил повикан.+ 25  А за оние што не се во брак* немам заповед од Господарот, туку изнесувам свое мислење,+ како некој што е достоен за доверба,+ бидејќи Господарот му покажал милосрдие.+ 26  Затоа мислам дека поради тешкотиите кои владеат, добро е човек да остане како што е.+ 27  Дали си врзан за жена?+ Не барај развод!+ Дали си слободен од жена? Не барај жена! 28  Но, ако и стапиш во брак, не правиш грев.+ И ако оној што не е во брак* стапи во брак, не прави грев. Но таквите ќе имаат телесни неволји.+ А јас би сакал да ве поштедам. 29  Ова сакам да ви го кажам браќа: преостана малку време.+ Отсега оние што имаат жени нека бидат како да ги немаат;+ 30  и кои плачат, како да не плачат; и оние што се радуваат, како да не се радуваат; и оние што купуваат, како да не поседуваат; 31  и оние што го користат светот,+ како да не го користат во потполност — зашто се менува лицето* на овој свет.+ 32  А би сакал да бидете без грижи.+ Неоженетиот се грижи за Господаровото, како да му угоди на Господарот. 33  А оженетиот се грижи+ за световното, како да ѝ угоди на жената,+ 34  па е поделен. Исто така, немажената жена, и девицата, се грижи за Господаровото,+ за да биде света и со телото и со духот. А мажената се грижи за световното, како да му угоди на мажот.+ 35  А ова ви го зборувам за ваша сопствена корист, не за да ве ограничувам,* туку да ве поттикнам за вашето однесување да биде пристојно,+ па без престан и без пречка да му служите на Господарот.+ 36  Но, ако некој мисли дека не може да владее со своите полови нагони*+ и дека за него е најдобро да стапи во брак, особено ако повеќе не е во цутот на младоста, нека прави што сака, не греши. Таквите нека стапат во брак.+ 37  Но, ако некој во своето срце одлучил да ја зачува својата девственост и нема потреба да стапи во брак, туку има власт над себе и во срцето цврсто го одлучил тоа, добро прави.+ 38  Значи, кој одлучил да се одрече од својата девственост и да стапи во брак, добро прави,+ но кој одлучил да ја зачува својата девственост и да не стапува во брак, прави уште подобро.+ 39  Жената е врзана сѐ додека нејзиниот маж е жив.+ Но, ако маж ѝ умре,* слободна е да се мажи за кого сака, но само во Господарот.+ 40  Но, по мое мислење, ќе биде посреќна ако остане како што е.+ А мислам дека и јас имам Божји дух.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Буквално: „оди“.
Буквално: „и е ослободеник (либертин) на Господарот“.
Или: „што живеат во девственост“.
Или: „што живее во девственост“.
Или: „сцената“.
Буквално: „не за да ви поставам замка (јамка)“.
Или: „дека непристојно се однесува кон својата девственост“.
Буквално: „заспие“.