Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Коринќаните 3:1-23

3  И така, браќа, јас не можев да ви зборувам како на духовни луѓе,+ туку како на телесни, како на мали деца+ во Христос.  Ве хранев со млеко, а не со тврда храна,+ зашто уште не можевте да ја поднесете. А и сега не можете да ја поднесете,+  бидејќи уште сте телесни.+ Имено, додека меѓу вас има љубомора и караници,+ зарем не сте телесни и зарем не постапувате* како и другите луѓе?+  Зашто, кога еден вели: „Јас сум на Павле“, а другиот: „Јас на Аполо“,+ зарем не сте исти како и другите луѓе?  Кој е, всушност, Аполо?+ А кој е Павле? Само слуги+ кои ја извршуваат службата што им ја даде Господарот и преку кои станавте верници.  Јас посадив,+ Аполо залеа,+ но Бог даде да расте.+  Па така, ниту е нешто оној што сади,+ ниту оној што залева, туку Бог, кој дава да расте.+  А оној што сади и оној што залева се едно,+ но секој ќе добие награда според својот труд.+  Зашто, ние сме Божји соработници,+ а вие сте Божја нива,+ Божја градба.+ 10  Според Божјата незаслужена доброта+ што ми е покажана, јас, како мудар главен градител, поставив темел,+ а некој друг гради на него. Но секој нека внимава како гради на него.+ 11  Зашто, никој не може да постави некој друг темел,+ освен оној што веќе е поставен, а тоа е Исус Христос.+ 12  А ако некој на тој темел гради со злато, сребро, скапоцени камења, дрво, сено, слама, 13  делото на секого ќе се покаже во денот на испитувањето, зашто ќе се открие со оган,+ и огнот ќе покаже чие дело какво е. 14  Ако остане делото што е изградено на тој темел,+ оној што го изградил ќе добие награда.+ 15  А ако изгори нечие дело, тој ќе претрпи штета, а самиот ќе се спаси,+ но како низ оган.+ 16  Не знаете ли дека вие сте Божји храм+ и дека Божјиот дух престојува во вас?+ 17  Ако некој го уништи Божјиот храм, Бог ќе го уништи него.+ Бидејќи Божјиот храм е свет,+ а тој храм сте вие.+ 18  Никој нека не се залажува! Ако некој меѓу вас мисли дека е мудар+ во овој свет,* нека биде глупав за да биде мудар.+ 19  Зашто мудроста на овој свет е глупост пред Бог.+ Всушност, напишано е: „Тој ги фаќа мудреците во нивното лукавство“.+ 20  И уште: „Јехова знае дека размислувањата на мудрите се празни“.+ 21  Затоа никој нека не се фали со луѓе, зашто сѐ е ваше:+ 22  дали е тоа Павле, или Аполо,+ или Кифа, или светот, или животот, или смртта, или ова што е сега, или она што е во иднина+ — сѐ е ваше. 23  А вие сте на Христос,+ а Христос е на Бог.+

Фусноти

Буквално: „одите“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.