Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Коринќаните 16:1-24

16  А што се однесува до собирањето+ за светите,+ правете го и вие истото што им го одредив на собранијата во Галатија.+  Секој прв ден од седмицата, секој од вас во својата куќа нека става настрана и нека собира колку што може, за да не се собира кога јас ќе дојдам.  А кога ќе дојдам, ќе ги испратам оние што ќе ги препорачате со писма,+ да го однесат вашиот дар во Ерусалим.  А ако биде соодветно да појдам и јас, ќе дојдат со мене.  А кај вас ќе дојдам кога ќе поминам низ Македонија,* зашто ќе поминам низ Македонија.+  И кај вас можеби ќе се задржам, или дури и ќе презимам, за да ме испратите+ таму каде што ќе тргнам.  Зашто, не сакам овојпат да ве видам само на поминување, бидејќи се надевам дека ќе останам со вас некое време,+ ако дозволи Јехова.+  А во Ефес ќе останам+ до Педесетница,  зашто ми се отвори голема врата за работа,*+ но има многу противници. 10  А ако дојде Тимотеј,+ погрижете се да биде без страв кај вас, бидејќи тој го врши Јеховиното дело+ исто како мене. 11  Затоа, никој да не го потценува.+ Испратете го во мир да дојде кај мене, зашто го чекам со браќата. 12  А што се однесува до нашиот брат Аполо,+ многу го молев да дојде кај вас со браќата, но никако не му беше по волја да дојде сега. Ќе дојде кога ќе има можност. 13  Бдејте,+ бидете непоколебливи во верата,+ држете се машки,+ бидете јаки!+ 14  Сѐ што правите, правете го со љубов!+ 15  Знаете дека домашните на Стефан беа меѓу првите+ што станаа христијани* во Ахаја* и дека се посветија во служењето на светите.+ Затоа ве поттикнувам, браќа, 16  и вие да им бидете подложни на таквите и на секој што соработува и се труди.+ 17  А се радувам што се овде* Стефан+ и Фортунат и Ахаик, бидејќи го надоместија тоа што вас ве нема. 18  Тие го закрепнаа моето срце*+ и вашето. Затоа, ценете ги таквите како нив!+ 19  Ве поздравуваат собранијата од Азија.*+ Срдечно во Господарот* ве поздравуваат Акила и Приска заедно со собранието што се состанува во нивната куќа.+ 20  Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.+ 21  Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со своја сопствена рака.+ 22  Ако некој не го сака Господарот, проклет да е!+ Дојди, Господару наш!+ 23  Незаслужената доброта на Господарот Исус нека биде со вас! 24  Мојата љубов е со сите вас во единство со Христос Исус!

Фусноти

Види ја фуснотата за Де 16:9.
Буквално: „зашто ми се отвори голема и делотворна врата“.
Буквално: „дека домашните на Стефан се првина на Ахаја“.
Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.
Буквално: „поради присутноста [грчки: паруси́а (парусија)] на Стефан и...“ Види го додатокот 7.
Буквално: „дух“.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Види го додатокот 11.