Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Коринќаните 11:1-34

11  Угледајте се на мене, како што и јас се угледав* на Христос.+  Ве пофалувам, зашто во сѐ мислите на мене и се држите за преданијата+ како што ви ги пренесов.  Но сакам да знаете дека глава на секој маж е Христос,+ а глава на жената е мажот,+ а глава на Христос е Бог.+  Секој маж кој се моли или пророкува со покриена глава, ја срамоти својата глава.+  А секоја жена која се моли или пророкува+ со непокриена глава, ја срамоти својата глава,+ зашто тоа е исто како да ѝ е избричена главата.*+  Зашто, ако жената не се покрива, нека си ја пресече косата. Но, ако е срамота жената да ја сече косата или да ја бричи,+ нека се покрива.+  А мажот не треба да ја покрива главата, бидејќи е Божја слика+ и слава,+ а жената е слава на мажот.+  Зашто, не настана мажот од жената, туку жената од мажот.+  И не е мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.+ 10  Затоа, а и поради ангелите,+ жената треба да има на главата знак на подложност.+ 11  Сепак, во Господарот* ниту жената постои без мажот, ниту мажот без жената.+ 12  Зашто, како што жената настана од мажот,+ така и мажот е роден од жената,+ а сѐ потекнува од Бог.+ 13  Проценете самите: ѝ прилега ли на жена да му се моли на Бог со непокриена глава? 14  Зарем самата природа не ве учи дека е срамота за мажот ако има долга коса, 15  а за жената е чест ако има долга коса?+ Зашто, косата ѝ е дадена наместо покривало.+ 16  А ако некој сака да се препира околу тоа+ и да наметнува некој друг обичај,+ ние друг обичај немаме, ниту, пак, го имаат Божјите собранија. 17  Давајќи ви ги овие упатства, не можам да ве пофалам за тоа дека вашите состаноци се од корист, туку на штета.+ 18  Пред сѐ, слушам, а верувам дека нешто од тоа е и вистина, дека меѓу вас настануваат поделби+ кога се состанувате како собрание. 19  Зашто, треба да има и секти меѓу вас,+ за да се покаже кој е проверен меѓу вас.+ 20  Значи, кога се состанувате на едно место, поради вашето однесување не е можно да се јаде Господаровата вечера онака како што прилега.+ 21  Зашто, кога доаѓа време да ја јадете, секој најпрвин си ја јаде својата вечера, па еден гладува, а друг се опива. 22  Зарем не можете дома да јадете и да пиете?+ Или го презирате Божјето собрание и ги посрамувате оние што немаат ништо?+ Што да ви кажам? Да ве пофалам? За ова не ве пофалувам. 23  Зашто, јас од Господарот го примив она што ви го предадов: Господарот Исус, во онаа ноќ+ кога беше предаден, зеде леб, 24  па благодарејќи му на Бог, го раскрши+ и рече: „Ова го претставува* моето тело,+ кое се предава за вас. Правете го ова за мој спомен“.+ 25  Така ја зеде и чашата,+ откако вечера, па рече: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз+ на темел на мојата крв.+ Правете го ова, секогаш кога ја пиете, за мој спомен“.+ 26  Зашто, секогаш+ кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате смртта+ на Господарот, додека тој не дојде.+ 27  Затоа, секој што недостојно го јаде лебот или ја пие чашата на Господарот, ќе биде виновен+ во поглед на телото и крвта+ на Господарот. 28  Затоа, најпрво секој сам нека се испита дали е достоен,+ па тогаш нека јаде од лебот и нека пие од чашата. 29  Зашто, кој јаде и пие, ја јаде и ја пие+ осудата против себе ако не го распознава во тоа телото на Христос. 30  Затоа мнозина меѓу вас се слаби и болни, а мнозина од нив и умреа.*+ 31  Но кога би распознале какви сме, немаше да ни биде судено.+ 32  А кога Јехова ни суди,+ тој нѐ воспитува,*+ да не бидеме осудени+ со светот.+ 33  Затоа, браќа мои, кога се состанувате да ја јадете таа вечера,+ чекајте се еден со друг. 34  Ако е некој гладен, нека јаде дома,+ за да не бидат вашите состаноци за осуда.+ А останатото ќе го средам кога ќе дојдам.

Фусноти

Или: „Имитирајте ме мене, како што и јас го имитирам“.
Бричењето на главата било казна за блуд или за прељуба.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Буквално: „заспаа“.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.