Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Јованово 4:1-21

4  Сакани, не верувајте ѝ на секоја изјава, која наводно е вдахновена од Бог,+ туку испитајте дали таквите изјави потекнуваат од Бог,+ зашто многу лажни пророци излегоа во светот.+  Изјавата која Бог ја вдахнал+ ќе ја препознаете по ова: секоја изјава која признава дека Исус Христос дошол во тело, ја вдахнал Бог.+  Но ниту една изјава која не го признава Исус, не ја вдахнал Бог.+ Таквата изјава ја вдахнал антихристот, а чувте дека таа доаѓа,+ и сега е веќе во светот.+  Вие потекнувате од Бог, дечиња, и сте ги победиле тие луѓе,+ зашто оној што е со вас+ е поголем+ од оној што е со светот.+  Тие потекнуваат од светот,+ и затоа го зборуваат она што доаѓа од светот, и светот ги слуша.+  Ние потекнуваме од Бог.+ Кој го познава Бог, нѐ слуша нас,+ а кој не потекнува од Бог, не нѐ слуша нас.+ По тоа препознаваме дали некоја изјава е вдахновена со вистината или со заблуда.+  Сакани, да се сакаме еден со друг,+ бидејќи љубовта+ е од Бог, и секој што покажува љубов е роден од Бог+ и го познава Бог.+  Кој не покажува љубов, не го запознал Бог, зашто Бог е љубов.+  Божјата љубов се покажа на нас во ова:+ Бог го испрати својот единороден Син+ во светот, за да добиеме живот преку него.+ 10  Љубовта се состои во ова: не го сакавме ние Бог, туку тој нѐ сакаше нас и го испрати својот Син како жртва+ помирница+ за нашите гревови.+ 11  Сакани, ако Бог така нѐ сакаше нас, тогаш и ние сме должни да се сакаме еден со друг.+ 12  Бог никогаш никој не го видел.+ Ако се сакаме еден со друг, Бог останува во нас и љубовта Божја е совршена во нас.+ 13  По ова знаеме дека остануваме во единство со него+ и тој во единство со нас:+ ни го даде својот дух.+ 14  А самите видовме+ и сведочиме+ дека Таткото го испрати својот Син како Спасител на светот.+ 15  Секој што признава дека Исус Христос е Син Божји,+ Бог останува во единство со него и тој во единство со Бог.+ 16  И самите ја запознавме љубовта која Бог ја има кон нас и ѝ поверувавме.+ Бог е љубов,+ и кој останува во љубовта,+ останува во единство со Бог, и Бог останува во единство со него.+ 17  Така љубовта се усоврши кај нас, за да имаме слобода на говорот+ во денот на судот,+ бидејќи во овој свет ние сме такви каков што беше Христос.+ 18  Во љубовта нема страв,+ туку совршената љубов го истерува стравот,+ бидејќи стравот дејствува како препрека. Навистина, кој се плаши, не е совршен во љубовта.+ 19  А ние покажуваме љубов, бидејќи прво тој покажа љубов кон нас.+ 20  Ако некој каже: „Го сакам Бог“, а го мрази својот брат, тој е лажливец.+ Зашто, кој не го сака својот брат,+ кого го гледа, не може да го сака Бог, кого не го гледа.+ 21  И оваа заповед ја имаме од него:+ оној што го сака Бог, треба да го сака и својот брат.+

Фусноти