Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Јованово 2:1-29

2  Дечиња мои, ова ви го пишувам за да не направите грев.+ Но, ако некој и направи грев, имаме помошник+ кај Таткото — Исус Христос, праведникот.+  Тој е жртва+ помирница+ за нашите гревови,+ и не само за нашите+ туку и за гревовите на целиот свет.+  По тоа знаеме дека го познаваме,+ ако ги држиме неговите заповеди.  Оној што вели: „Го познавам“,+ а не ги држи неговите заповеди,+ лажливец е и вистината не е во него.+  Но кој ја држи неговата реч,+ љубовта кон Бог што тој ја има во себе е навистина совршена.+ По тоа знаеме дека сме во единство со него.+  Оној што вели дека останува во единство со него,+ должен е и самиот да живее онака како што живееше* и тој.+  Сакани, не ви пишувам нова заповед, туку стара заповед,+ која ја имавте од почетокот.+ Таа стара заповед е речта што ја чувте.  И пак, ви пишувам нова заповед, која се обистинува во него и во вас, зашто темнината+ поминува и вистинската светлина+ веќе свети.  Кој вели дека е во светлина, а го мрази својот брат,+ во темнина е сѐ досега.+ 10  Кој го сака својот брат, останува во светлината,+ и кај него нема повод за спрепнување.+ 11  Но кој го мрази својот брат, во темнина е, живее* во темнина+ и не знае каде оди,+ бидејќи темнината му ги заслепила очите. 12  Ви пишувам вам, дечиња, зашто поради неговото име ви се простени гревовите.+ 13  Ви пишувам вам, татковци, бидејќи го запознавте оној што е од почетокот.+ Ви пишувам вам, млади мажи,+ бидејќи го победивте Злобниот.+ Ви пишувам вам, деца,+ бидејќи го запознавте Таткото.+ 14  Ви пишувам вам, татковци,+ зашто го запознавте оној што е од почетокот.+ Ви пишувам вам, млади мажи, бидејќи сте јаки+ и речта Божја останува во вас+ и го победивте Злобниот.+ 15  Немојте да го сакате ниту светот ниту она што е во светот!+ Ако некој го сака светот, љубовта кон Таткото не е во него,+ 16  бидејќи сѐ што е во светот+ — желбата на телото+ и желбата на очите+ и истакнувањето на својот имот+ — не потекнува од Таткото, туку потекнува од светот.+ 17  А светот поминува и неговата желба,+ но оној што ја врши Божјата волја,+ останува засекогаш.+ 18  Деца, последниот час е+ и, како што сте чуле дека ќе дојде антихристот,+ веќе сега се појавија многу антихристи.+ По тоа знаеме дека е последниот час. 19  Излегоа од нас, но не беа од нас,+ зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас.+ Но излегоа, за да се види дека сите не се од нас.+ 20  А вие имате помазание од Светиот,+ сите вие ја знаете вистината.+ 21  Не ви пишувам затоа што не ја знаете вистината,+ туку затоа што ја знаете+ и затоа што никаква лага не потекнува од вистината.+ 22  Кој е лажливец ако не оној што одрекува дека Исус е Христос?*+ Тоа е антихристот,+ оној што ги одрекува Таткото и Синот.+ 23  Секој што го одрекува Синот, го нема ни Таткото.+ Оној што го признава+ Синот, го има и Таткото.+ 24  А во вас нека остане она што сте го чуле од почетокот.+ Ако она што сте го чуле од почетокот остане во вас, и вие ќе останете во единство со Синот+ и во единство со Таткото.+ 25  А ова е ветувањето кое самиот ни го вети: вечниот живот.+ 26  Ова ви го пишувам во врска со оние што се обидуваат да ве заведат.+ 27  А во вас останува помазанието,+ кое го примивте од него, и никој не треба да ве поучува,+ туку помазанието од него ве учи за сѐ+ — а тоа е вистинито+ и не е лага — и како што ве поучи, останете во единство+ со Него. 28  И сега, дечиња,+ останете во единство со него,+ така што, кога ќе се појави,+ да имаме слобода на говорот+ и да не бидеме посрамени и одвоени од него за време на неговата присутност.*+ 29  Ако знаете дека тој е праведен,+ тогаш знаете дека секој што го врши она што е праведно, роден е од него.+

Фусноти

Буквално: „да оди онака како што одеше“.
Буквално: „оди“.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.