Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Филипјаните 1:1-30

1  Павле и Тимотеј, робови+ на Христос Исус, до сите свети во единство со Христос Исус, кои се во Филипи,+ и до надгледниците и слугите помошници:+  Бог, нашиот Татко, и Господарот* Исус Христос+ нека ви дадат незаслужена доброта и мир!  Кога ќе се сетам на вас, му благодарам на својот Бог+  во секоја своја сесрдна молитва за сите вас.+ Радосно ги упатувам своите сесрдни молитви за вас  поради вашиот придонес+ во ширењето на добрата вест од првиот ден до сега.  Зашто, уверен сум во ова: оној што го започнал доброто дело во вас, ќе го доврши+ до денот+ на Исус Христос.  Исправно е така да мислам за сите вас, зашто ве носам во срцето,+ сите вас кои ја делите+ со мене Божјата незаслужена доброта, и во моите окови+ и во одбраната+ и во законското потврдување на правото да се проповеда добрата вест.+  Зашто, Бог ми е сведок колку копнеам по сите вас со љубов+ каква што има Христос Исус.  И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да расте+ во доброто познавање*+ и во потполното сфаќање+ на Божјата волја 10  и да можете да процените што е најважно,+ за да бидете непорочни+ и да не ги спрепнувате+ другите сѐ до Христовиот ден 11  и, со помош на Исус Христос, да бидете полни со плодот на праведноста,+ на Божја слава и фалба.+ 12  А сакам да знаете, браќа, дека ова што ми се случува, всушност, помага да се шири добрата вест,+ 13  така што меѓу целата царска телесна стража* и меѓу сите останати+ стана познато+ дека сум во окови+ поради верата во Христос. 14  А и повеќето браќа во Господарот се охрабрија поради моите окови, па уште посмело, без страв, ја зборуваат речта Божја.+ 15  Вистина, некои го проповедаат Христос од завист и од соперништво,+ а други од добра волја.+ 16  Овие вториве го објавуваат Христос од љубов, зашто знаат дека овде сум поставен за да ја бранам+ добрата вест, 17  а оние првине го прават тоа од честољубие,+ не од чисти побуди, зашто мислат дека така ќе ми ја отежнат неволјата+ додека сум во окови. 18  И што постигнуваат со тоа? Ништо друго, освен што на секој начин, било од неискрени+ побуди било од искрени, Христос се проповеда.+ На тоа се радувам. А и понатаму ќе се радувам, 19  зашто знам дека тоа ќе доведе до мое спасение поради вашите сесрдни молитви+ и со помош на духот на Исус Христос,+ 20  желно исчекувајќи+ и надевајќи се+ дека поради ништо нема да се посрамам,+ туку дека поради големата смелост+ со која проповедам, Христос и сега, како и секогаш досега, ќе се велича преку моето тело,+ било преку мојот живот било преку мојата смрт.+ 21  Зашто, за мене живеењето е Христос,+ а умирањето — добивка.+ 22  А ако и понатаму живеам во тело, ќе можам и понатаму да донесувам плод во својата служба+ — но не ставам до знаење што би избрал. 23  Тие две работи ме притискаат,+ но всушност сакам ослободување и сакам да бидам со Христос,+ зашто тоа е многу подобро.+ 24  Но поради вас е попотребно да останам во тело.+ 25  Бидејќи сум уверен во тоа, знам дека ќе останам+ и ќе бидам со сите вас за да напредувате+ и да се радувате во верата. 26  Така ќе можете многу да се радувате во Христос Исус поради мене, кога повторно ќе бидам со вас.* 27  Само живејте живот достоен+ на добрата вест за Христос, за — било да дојдам и да ве видам било да не дојдам — да чујам за вас дека сте непоколебливи во еден дух и дека еднодушно+ заеднички се борите за верата на добрата вест 28  и дека во ништо не се плашите од своите противници.+ Тоа е доказ дека тие ќе бидат уништени, а вие спасени+ — тоа е знак од Бог. 29  Бидејќи вам ви е укажана чест заради Христос, не само да верувате+ во него туку и да страдате+ за него. 30  Зашто, ја водите истата борба што видовте дека ја водев јас+ и за која сега слушате дека ја водам.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
„Доброто познавање“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Или: „преторијанска гарда“. Буквално: „меѓу сите преторијанци“.
Побуквално: „поради мојата повторна присутност кај вас [грчки: паруси́а (парусија)]“. Види го додатокот 7.