Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Филимон 1:1-25

 Од Павле, затвореник+ поради Христос Исус, и нашиот брат Тимотеј,+ до Филимон, саканиот брат, нашиот соработник,+  и до Апфија, нашата сестра, и до Архип,+ нашиот соборец,+ и до собранието* што се собира во твојата куќа:+  Незаслужената доброта и мирот од Бог, нашиот Татко, и од Господарот* Исус Христос нека бидат со вас!+  Секогаш му благодарам на својот Бог кога те спомнувам во молитвите+  (зашто слушам за твојата љубов кон Господарот Исус и кон сите свети и за твојата вера).+  Твојата вера,+ која ја делиш со другите, нека те поттикне да правиш добро, бидејќи си свесен дека и самите, во единство со Христос, сме доживеале секакво добро.  Многу ме израдува и ме утеши со твојата љубов,+ бидејќи, ти брате, ги поткрепи срцата на светите.+  Затоа, иако имам голема слобода во Христос да ти заповедам+ да го направиш она што е исправно,  јас повеќе сакам да те замолам, повикувајќи се на твојата љубов,+  таков каков што сум, Павле, старец, а сега и затвореник+ поради Христос Исус, 10  па те молам за моето дете,+ Онисим,*+ кому во окови му станав татко+ 11  и кој порано ти беше бескорисен, но сега е корисен и за тебе и за мене.+ 12  Него ти го праќам назад, него, кого длабоко го сакам.+ 13  Би сакал да го задржам за себе, за да ми служи место тебе+ во оковите+ што ги носам поради добрата вест. 14  Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, бидејќи не сакам тоа добро дело да го направиш присилно, туку доброволно.+ 15  Можеби токму затоа накратко се одвои од тебе, за да го добиеш назад засекогаш, 16  но не повеќе како роб,+ туку како повеќе од роб,+ како мил брат.+ Мене ми е посебно мил, а колку повеќе ќе ти биде тебе, бидејќи ти е и роб и брат во Господарот. 17  Затоа, ако ме сметаш за другар,+ прими го убаво,+ како што би ме примил и мене. 18  Ако нешто ти згрешил или нешто ти должи, запиши го тоа на моја сметка. 19  Јас, Павле, пишувам со своја рака:+ јас ќе го платам тоа. А не морам ни да спомнам дека ми се должиш самиот себе. 20  Да, брате, биди ми од корист во Господарот: закрепни го моето срце во Христос. 21  Со надеж дека ќе го исполниш моето барање, ти пишувам, уверен дека ќе сториш и повеќе од ова што те молам.+ 22  Освен тоа, подготви ми и сместување,+ бидејќи се надевам дека вашите молитви ќе бидат услишени,+ па ќе бидам ослободен+ за да ви служам. 23  Те поздравуваат Епафрас,+ мојот затворски другар во единство со Христос Исус, 24  Марко, Аристарх,+ Димас,+ Лука, моите соработници. 25  Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос нека биде со вашиот дух.+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види го додатокот 11.
„Онисим“ значи „корисен“.