Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Тит 3:1-15

3  Потсетувај ги да им бидат подложни+ и покорни на властите и на владетелите,+ да бидат спремни за секое добро дело,+  да не зборуваат лошо за никого, да не бидат воинствени,+ туку да бидат разумни,*+ да бидат сосема благи спрема сите луѓе.+  Зашто, и ние некогаш бевме безумни, непокорни, заведени, робови на разни желби и уживања, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.+  Но кога нашиот Спасител,+ Бог, ја покажа+ својата добрина+ и љубов кон човекот,  нѐ спаси — не поради праведните дела+ што сме ги направиле,+ туку според своето милосрдие+ — со капењето,+ кое нѐ доведе во живот,+ и со тоа што нѐ обнови преку светиот дух.+  Тој дух обилно го излеа врз нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,+  за, откако сме прогласени за праведни+ преку неговата незаслужена доброта,+ да станеме наследници+ на вечниот живот на кој се надеваме.+  Веродостојно е ова што е речено+ и сакам тоа постојано да го застапуваш, за оние што поверувале во Бог да се сосредоточат на правењето на добри дела.+ Тоа е добро и корисно за луѓето.  А избегнувај глупави испитувања,+ истражување на родословија,+ караници+ и препирки околу Законот,+ зашто тоа е бескорисно и залудно. 10  Од човек што шири лажно учење,*+ тргни се+ откако е опоменат еднаш и по вторпат,+ 11  знаејќи дека таквиот застранил и дека греши, па на тој начин самиот себе се осудил.+ 12  Кога ќе ти ги испратам Артема или Тихик,+ стори сѐ што можеш за да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимам.+ 13  Грижливо снабди ги за по пат Зина, познавачот на Законот, и Аполо, за да не им недостига ништо.+ 14  А и нашите нека се учат да прават добри дела кога ќе се појави голема потреба,+ за да не бидат без плод.+ 15  Те поздравуваат сите што се со мене.+ Поздрави ги оние што нѐ сакаат во верата. Незаслужената доброта нека биде со сите вас.+

Фусноти

Или: „спремни да попуштат“.
Или: „секташ“.