Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Тит 2:1-15

2  А ти зборувај го она што се согласува со здравото учење.+  Постарите мажи+ нека бидат умерени во сѐ, достојни за почит,*+ разборити, здрави во верата,+ во љубовта и во истрајноста.+  Исто така, постарите жени+ нека се однесуваат богобојазливо, нека не клеветат+ и нека не робуваат на многу вино, туку нека ги поучуваат другите за она што е добро,  за да можат да ги учат помладите жени да си ги сакаат мажите,+ да си ги сакаат децата,+  да бидат разборити, чесни,+ примерни домаќинки, добри, подложни+ на своите мажи, за да не се зборува погрдно за Божјата реч.+  Исто така, помладите мажи поттикнувај ги да бидат разборити,+  а самиот биди во сѐ пример во вршењето на добри дела.+ Твоето поучување+ нека се одликува со нерасипаност,+ сериозност,  здрав говор, на кој не може ништо да му се приговори,+ за да се посрами противникот кога ќе нема ништо лошо да каже за нас.+  Робовите+ нека им бидат подложни на своите господари во се+ и нека им угодуваат. Нека не им противречат,+ 10  нека не ги поткраднуваат,+ туку во потполност нека покажуваат соодветна верност,+ за да го украсуваат во сѐ учењето на нашиот Спасител,+ Бог. 11  Зашто, се покажа+ Божјата незаслужена доброта,+ која им донесува спасение+ на најразлични луѓе.+ 12  Нѐ поучи да се откажеме од безбожноста+ и од световните желби+ и да живееме разборито, праведно и со оддаденост на Бог+ среде овој сегашен свет,*+ 13  додека го чекаме исполнувањето на нашата прекрасна надеж+ и славното појавување на великиот Бог+ и на нашиот Спасител, Христос Исус. 14  Христос се дал себеси за нас,+ за да нѐ избави+ од секое беззаконие и да исчисти+ за себе народ што го избрал,+ кој ревносно прави добри дела.+ 15  Зборувај го тоа, опоменувај и укорувај, бидејќи ги имаш сите овластувања за тоа.+ Никој нека не те омаловажува.+

Фусноти

Или: „сериозни“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.