Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Тит 1:1-16

1  Од Павле — роб+ Божји и апостол+ на Исус Христос — чија служба е во согласност со верата на Божјите избрани+ и кој добро ја запозна*+ вистината,+ која е во склад со оддаденоста на Бог.+  Нејзин темел е надежта во вечен живот,+ кој го вети Бог, кој не може да лаже,+ уште во дамнешно време,+  а во свои времиња ја објави својата реч преку проповедањето, кое ми е доверено мене.+ Тоа беше по заповед на нашиот Спасител,+ Бог.  Ова му го пишувам на Тит, вистинскиот син+ според заедничката вера: Незаслужената доброта и мирот од Бог, Таткото,+ и од Христос Исус, нашиот Спасител нека бидат со тебе!+  Те оставив на Крит+ за да го исправиш она што има некаков недостаток и да назначиш старешини+ по градовите, како што те упатив.+  Старешината мора да биде човек кому нема што да му се приговори,+ кој има само една жена+ и чии деца се верници и не може да бидат обвинети дека се распуштени или непокорни.+  Зашто, надгледникот, како Божји управител,+ мора да биде човек кому нема што да му се приговори+ и не смее да биде самоволен,+ ниту гневлив,+ ниту пијаница,+ ниту кавгаџија,+ ниту алчен за нечесна добивка,+  туку гостољубив,*+ да ја сака добротата, разборит,+ праведен, лојален,+ кој умее да се совладува,+  кој при поучувањето се држи за веродостојните зборови,+ за да може да опоменува, служејќи се со здравото учење,+ и да ги укорува+ оние што му противречат на тоа учење. 10  Зашто, има многу непокорни, оние што кажуваат бескорисни зборови+ и оние што го лажат умот, особено оние што се држат за обрежувањето.+ 11  Ним треба да им се затвори устата, зашто токму тие ја поткопуваат верата на цели семејства,+ поучувајќи за она што не треба, заради нечесна добивка.+ 12  Еден од нив, нивни сопствен пророк,* рекол: „Криќаните секогаш се лажливци, зли+ ѕверови, мрзливи изедници“. 13  Ова сведоштво е вистинито. Затоа строго укорувај ги,+ да бидат здрави во верата+ 14  и да не ги прифаќаат еврејските бајки+ и заповеди од луѓе,+ кои се откажуваат од вистината.+ 15  На чистите сѐ им е чисто,+ а на валканите+ и безверни+ луѓе ништо не им е чисто, туку им се извалкани и умот и совеста.+ 16  Тие тврдат дека го познаваат Бог,+ но се одрекуваат од него со своите дела,+ бидејќи се одвратни и непослушни и неспособни+ за какво и да е добро дело.

Фусноти

„Добро ја запозна“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Или: „кој ги сака странците“. Види ја фуснотата за 1Ти 3:2.
Епименид, критски поет од 6. век пр.н.е.