Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 9:1-57

9  Авимелех,+ синот на Јероваал, отиде во Сихем+ кај браќата на својата мајка и им рече ним и на сиот род од татковиот дом на својата мајка:  „Кажете им, ве молам, на сите граѓани на Сихем: ‚Што е подобро за вас, со вас да владеат седумдесет луѓе,+ сите синови на Јероваал, или со вас да владее само еден човек? Спомнете си дека јас сум ваша коска и ваше месо!‘ “+  Така браќата на мајка му им ги пренесоа сите негови зборови на сите граѓани на Сихем, и нивното срце се приклони кон Авимелех,+ зашто рекоа: „Тој е наш брат!“+  И му дадоа седумдесет сребреници од храмот на Ваал-Верит.+ Со нив Авимелех изнајми безделни и дрски луѓе,+ кои му се придружија.  Потоа отиде во домот на својот татко во Офра+ и ги уби своите браќа,+ синови на Јероваал, седумдесет луѓе, на еден камен. Но, остана Јотам, најмладиот син на Јероваал, зашто се скри.  И се собраа сите граѓани на Сихем и сите жители на Мило,+ па отидоа и го поставија Авимелех за цар+ кај големото стебло,+ кај столбот што стоеше во Сихем.+  Кога му го јавија тоа на Јотам, тој отиде и застана на врвот од планината Гаризим,+ па викна колку што го држеше гласот: „Чујте ме, граѓани на Сихем, и Бог нека ве чуе вас!  Еднаш тргнале дрвјата за да помазаат цар за себе. Така, ѝ рекле на маслинката:+ ‚Биди ни цар!‘+  Но маслинката им одговорила: ‚Зар да се одречам од своето масло, кое е на слава+ на Бог и на луѓето, па да се нишам над другите дрвја?‘+ 10  Потоа дрвјата ѝ рекле на смоквата:+ ‚Дојди ти и биди ни цар!‘ 11  Но смоквата им рекла: ‚Зар да се одречам од својата блажина и од својот убав плод, па да се нишам над другите дрвја?‘+ 12  Потоа дрвјата ѝ рекле на виновата лоза: ‚Дојди ти и биди ни цар!‘ 13  А виновата лоза им одговорила: ‚Зар да се одречам од своето младо вино што ги весели Бог и луѓето,+ па да се нишам над дрвјата?‘ 14  На крајот сите дрвја ѝ рекле на трнливата грмушка:+ ‚Дојди ти и биди ни цар!‘ 15  А трнливата грмушка им одговорила на дрвјата: ‚Ако навистина сакате да ме помажете за цар, дојдете и засолнете се во мојава сенка.+ А ако не сакате, нека излезе оган+ од трнливата грмушка и нека ги изгори ливанските+ кедри!‘+ 16  А сега, ако сте постапиле искрено и чесно кога сте го поставиле Авимелех за цар+ и ако сте му направиле добро на Јероваал и на неговиот дом и ако сте му направиле според заслугата за делата на неговите раце — 17  зашто татко ми се бореше+ за вас и својата душа ја изложи на опасност+ за да ве избави од рацете на Мадијамците,+ 18  а вие денес станавте против домот на мојот татко и ги убивте неговите синови,+ седумдесет луѓе,+ на еден камен, и го поставивте Авимелех, синот на неговата робинка,+ за цар+ над граѓаните на Сихем само затоа што е ваш брат — 19  значи, ако сте постапиле денес искрено и чесно кон Јероваал и кон неговиот дом, радувајте се со Авимелех, а и тој нека се радува со вас.+ 20  Но, ако не, нека излезе оган+ од Авимелех и нека ги изгори граѓаните на Сихем и жителите на Мило,+ и нека излезе оган+ од граѓаните на Сихем и од жителите на Мило и нека го изгори Авимелех!“+ 21  Тогаш Јотам+ фати да бега и побегна во Веер, и таму остана поради својот брат Авимелех. 22  Авимелех вообразено се правеше кнез над Израел три години.+ 23  Тогаш Бог допушти да завладее раздор*+ меѓу Авимелех и граѓаните на Сихем, и граѓаните на Сихем го изневерија+ Авимелех. 24  Тоа беше за да биде одмаздено злосторството+ извршено над седумдесетте синови на Јероваал и нивната крв да падне на нивниот брат Авимелех, зашто ги уби,+ и на граѓаните на Сихем, зашто му помогнаа+ да ги убие своите браќа. 25  Граѓаните на Сихем му поставуваа заседи по планинските врвови и го пљачкаа секој што ќе поминеше покрај нив по тој пат. И Авимелех дозна за тоа. 26  Потоа Гал,+ синот на Евед, дојде со своите браќа и премина во Сихем.+ Граѓаните на Сихем со доверба му се приклонија.+ 27  И отидоа во полето, береа грозје во своите лозја, го газеа и се веселеа.+ Потоа отидоа во домот на својот бог,+ па јадеа, пиеја+ и го проколнуваа+ Авимелех. 28  А Гал, синот на Евед, рече: „Кој е Авимелех?+ Не е ли тој син на Јероваал?+ И кој е Зевул,+ неговиот довереник во Сихем? Зошто да им служиме ним? Подобро служете им на луѓето на Емор,+ таткото на Сихем! Зошто да му служиме на Авимелех? 29  Кога овој народ би бил во мои раце,+ јас би го отстранил Авимелех!“ И му порача на Авимелех: „Собери голема војска и излези во битка!“+ 30  Кога Зевул, градскиот кнез, ги чу зборовите на Гал, синот на Евед,+ многу се разгневи. 31  И тајно испрати гласници кај Авимелех и му порача: „Еве, Гал, синот на Евед, и неговите браќа дојдоа во Сихем+ и сега го бунтуваат градот против тебе. 32  Затоа стани ноќе,+ ти и народот што е со тебе, и постави заседа+ во полето. 33  А рано изутрина, кога ќе изгрее сонцето, стани и удри на градот. Кога тој и народот што е со него ќе излезат против тебе, прави со него што сакаш“. 34  Така Авимелех и целиот народ што беше со него станаа ноќе, и поставија заседа околу Сихем во четири чети. 35  А Гал,+ синот на Евед, излезе и застана пред градската порта. Тогаш Авимелех и народот што беше со него излегоа од заседата. 36  Кога го здогледа народот, Гал му рече на Зевул: „Гледај, народ слегува од врвовите на планините!“ А Зевул му одговори: „Од сенките на планините што ги гледаш ти се причинуваат луѓе“.+ 37  А Гал повторно рече: „Гледај, народ слегува од височинката што е среде земјата, а една чета доаѓа по патот откај големото дрво Меоненим“. 38  Тогаш Зевул му рече: „Каде се сега твоите зборови со кои се фалеше:+ ‚Кој е Авимелех за да му служиме?‘+ Не е ли ова народот што го презре?+ Излези сега и бори се против него!“ 39  И Гал излезе на чело на граѓаните на Сихем и започна битка со Авимелех. 40  Но Авимелех го натера да бега, па тој побегна пред него. И мнозина паднаа мртви, сѐ до градската порта. 41  И Авимелех остана во Арума, а Зевул+ ги протера Гал+ и неговите браќа, па не можеа повеќе да останат во Сихем.+ 42  Следниот ден, народот излезе во полето. Тоа му го јавија на Авимелех.+ 43  А тој ги зеде своите луѓе, ги подели во три чети+ и постави заседа во полето. Кога виде дека народот излегува од градот, се крена против нив и ги погуби. 44  Авимелех и четите кои беа со него нападнаа кај градската порта и таму се поставија, додека две чети ги нападнаа сите што беа во полето и ги погубија.+ 45  И Авимелех се бореше против градот целиот тој ден и на крајот го освои. Ги погуби луѓето во него,+ а потоа го разори градот+ и го посипа со сол.+ 46  Кога го чуја тоа, сите жители на сихемската кула отидоа во подрумот во храмот на Ел-Верит.+ 47  И кога му јавија на Авимелех дека се собрале сите жители на сихемската кула, 48  Авимелех отиде на планината Салмон,+ тој и сиот народ што беше со него. И Авимелех зеде секира в рака, отсече гранка од едно дрво, ја подигна, ја стави на рамо и му рече на народот што беше со него: „Она што видовте дека го направив јас, брзо направете го и вие!“+ 49  Тогаш сите луѓе си отсекоа по една гранка и тргнаа по Авимелех. И ги нафрлаа гранките над подрумот и го запалија над оние што беа во подрумот. Така загинаа и сите жители на сихемската кула, околу илјада мажи и жени.+ 50  Авимелех потоа отиде до Тевес,+ го опсади и го освои. 51  Среде градот имаше јака кула во која побегнаа сите мажи и жени, сите жители на тој град. Ја затворија вратата зад себе и се качија на покривот од кулата. 52  И Авимелех дојде до кулата и ја нападна. Кога дојде скоро до вратата од кулата за да ја изгори со оган,+ 53  една жена фрли мелнички камен врз главата на Авимелех и му го скрши черепот.+ 54  А тој брзо го повика слугата што му го носеше оружјето и му рече: „Извлечи го мечот и убиј ме+ за да не се рече за мене: ‚Жена го уби‘!“ И неговиот слуга веднаш го прободе и тој умре.+ 55  Кога Израелците видоа дека Авимелех умре, секој се врати во своето место. 56  Така Бог му го врати на Авимелех злото што тој му го направи на својот татко, убивајќи седумдесет свои браќа.+ 57  И сето зло што го направија жителите на Сихем, Бог им го врати на нивна глава, и така врз нив дојде проклетството+ на Јотам,+ синот на Јероваал.+

Фусноти

Буквално: „лош дух“.