Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 8:1-35

8  Тогаш луѓето од племето на Ефрем му рекоа: „Што ни направи, па не нѐ викна кога тргна во битка против Мадијамците?“+ И жестоко му приговараа.+  На крајот тој им рече: „Што сум направил јас во споредба со вас?+ Зарем дособирањето на Ефрем+ не е подобро од гроздоберот на Авиезер?+  Бог ви ги предаде вам в раце мадијамските кнезови Орив и Зива,+ па што сум направил јас во споредба со вас?“ Кога им ги кажа тие зборови, стивна нивниот гнев* кон него.+  Така Гедеон дојде на Јордан и го премина, тој и тие триста луѓе со него. Беа уморни, но продолжија со потерата.  Потоа им рече на луѓето во Сокот:+ „Ве молам, дајте им леб на луѓево што се со мене,+ бидејќи се уморни, а јас ги гонам Зевеј+ и Салман,+ мадијамските цареви!“  Но кнезовите на Сокот рекоа: „Зар Зевеј и Салман се веќе во твоја рака, па да мораме да ѝ дадеме леб на твојата војска?“+  Тогаш Гедеон рече: „Затоа, кога Јехова ќе ми ги предаде в раце Зевеј и Салман, ќе ви го раскинам месото на телото со пустински трње и со бодликави грмушки“.+  Оттаму отиде во Фенуел+ и го побара истото од луѓето во Фенуел, но тие му одговорија исто како и луѓето во Сокот.  Затоа им се закани и на луѓето во Фенуел: „Кога ќе се вратам како победник, ќе ја урнам оваа кула“.+ 10  А Зевеј и Салман+ беа во Каркор со својата војска, околу петнаесет илјади луѓе што останаа од сета војска на народите од Исток.+ Дотогаш веќе беа паднати сто и дваесет илјади луѓе вооружени со меч.+ 11  Гедеон отиде по патот по кој поминуваат оние што живеат под шатори, источно од Новах и Јогвеја,+ и го нападна логорот кога логорот не беше подготвен за напад.+ 12  Кога Зевеј и Салман побегнаа, тој веднаш тргна во потера по нив. Ги зароби двајцата мадијамски цареви, Зевеј и Салман,+ и внесе страв во целиот логор. 13  А кога Гедеон, синот на Јоас, се враќаше од војна преку угорништето што води на Херес, 14  по патот зароби еден младич од Сокот+ и почна да го распрашува.+ И младичот му ги напиша имињата на кнезовите+ и на старешините на Сокот, седумдесет и седум луѓе. 15  Потоа отиде кај жителите на Сокот и им рече: „Еве ги Зевеј и Салман за кои ми се потсмевавте, велејќи: ‚Зар Зевеј и Салман се веќе во твоја рака, па да мораме да им дадеме леб на твоите премалени луѓе?‘ “+ 16  Тогаш ги фати градските старешини и зеде пустински трње и бодликави грмушки, па со нив ги казни жителите на Сокот.+ 17  А кулата во Фенуел+ ја урна+ и ги уби луѓето во градот. 18  И ги праша Зевеј и Салман:+ „Какви беа луѓето што ги убивте на Тавор?“+ А тие одговорија: „Беа такви како тебе, секој изгледаше како царски син“. 19  Тогаш тој рече: „Тие беа мои браќа, синови на мојата мајка. Како што е жив Јехова, да ги оставевте живи, немаше да ве убијам!“+ 20  Тогаш му рече на Јетер, својот првороден син: „Стани, убиј ги!“ Но младичот не го извлече својот меч, зашто се плашеше, бидејќи уште беше млад.+ 21  А Зевеј и Салман рекоа: „Стани ти и нападни нѐ, зашто каков е човекот, таква му е и силата!“+ Тогаш Гедеон стана и ги уби+ Зевеј и Салман, па ги зеде месечинките што висеа на вратовите на нивните камили. 22  Потоа Израелците му рекоа на Гедеон: „Владеј над нас,+ ти и твојот син и твојот внук, зашто ти нѐ избави од раката на Мадијамците!“+ 23  Но Гедеон им рече: „Јас нема да владеам над вас, ниту мојот син ќе владее над вас.+ Јехова ќе владее над вас!“+ 24  И Гедеон уште им рече: „Ве молам само за едно, секој од вас да ми даде по еден прстен за нос+ од својот плен“. (Имено, поразените носеа златни прстени во носот, затоа што беа Исмаелци.)+ 25  А тие рекоа: „Со задоволство ќе ти ги дадеме“. И раширија наметка и секој го фрли на неа прстенот за нос од својот плен. 26  Тежината на златните прстени што ги побара изнесуваше илјада и седумстотини сикли* злато, покрај месечинките,+ обетките и облеките од црвеникаво-виолетова волна+ што ги носеа мадијамските цареви и покрај веришките што беа околу вратовите на камилите.+ 27  Гедеон направи од тоа свештенички ефод+ и го изложи во својот град Офра.+ Таму целиот Израел го почитуваше ефодот,*+ и тоа беше замка за Гедеон и за неговиот дом.+ 28  Така Мадијамците+ беа покорени пред синовите на Израел и повеќе не ги креваа главите. И земјата беше во мир четириесет години, додека беше жив Гедеон.+ 29  Јероваал,+ синот на Јоас, отиде и живееше во својата куќа. 30  На Гедеон му се родија седумдесет синови,*+ зашто имаше многу жени. 31  А и неговата наложница* што живееше во Сихем му роди син, кому му го даде името Авимелех.+ 32  На крајот Гедеон, синот на Јоас, умре во длабока старост, и го погребаа во гробот на неговиот татко Јоас во Офра, која му припаѓа на племето на Авиезер.+ 33  Кога умре Гедеон, синовите на Израел пак ги почитуваа Вааловците*+ и си го поставија за бог Ваал-Верит.+ 34  И синовите на Израел не си спомнуваа за Јехова, својот Бог,+ кој ги избави од рацете на сите нивни околни непријатели.+ 35  И не му возвратија со добрина*+ на домот на Јероваал, односно на Гедеон, за сето добро што му го направи на Израел.+

Фусноти

Буквално: „дух“.
Види го додатокот 13.
Буквално: „Таму целиот Израел блудствуваше со ефодот“. Види го додатокот 6.
Буквално: „синови кои излегоа од неговото бедро“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Буквално: „блудствуваа со Вааловците“. Види го додатокот 6.
Или: „со лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.