Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 7:1-25

7  И подранија Јероваал,+ односно Гедеон,+ и целиот народ што беше со него, па се улогорија кај изворот Харод. А мадијамскиот логор се наоѓаше северно од него, во подножјето на ридот Море, во долината.  И Јехова му рече на Гедеон: „Со тебе има премногу луѓе за да ги предадам Мадијамците во нивни раце.+ Можеби Израел ќе се возгордее+ пред мене и ќе се фали: ‚Мојава рака ме избави‘.+  А сега, те молам, разгласи за да чуе народот и речи: ‚Кој се плаши и кому му е страв, нека се врати!‘ “+ Гедеон ги стави на испит. И се вратија дваесет и две илјади луѓе, а десет илјади останаа.  Но Јехова му рече на Гедеон: „Сѐ уште има премногу народ.+ Одведи ги на водата, па јас таму ќе ги испитам за тебе! И за кого ќе ти речам: ‚Овој ќе оди со тебе‘, тој ќе оди со тебе, а за кого ќе ти речам: ‚Овој нема да оди со тебе‘, тој нема да оди“.  Така го одведе народот на водата.+ Тогаш Јехова му рече на Гедеон: „Секој што лока вода со јазикот како што лока куче, него оддели го настрана, а исто така и секој што клекнува на колена за да пие!“+  Оние што локаа вода од раката принесена до уста, беа триста. А сите други клекнаа на колена за да пијат вода.  Тогаш Јехова му рече на Гедеон: „Со овие триста што локаа ќе ве избавам и ќе ги предадам Мадијамците во ваши раце.+ А сите други нека се вратат, секој во своето место!“  И тие ги зедоа храната и роговите+ од народот, а тој ги испрати останатите Израелци да си одат секој во својата куќа. Задржа триста луѓе. А мадијамскиот логор беше подолу од него во долината.+  Таа ноќ+ Јехова му рече: „Стани, нападни го логорот, зашто го предавам во твои раце!+ 10  А ако се плашиш, слези со Фура, својот слуга, и извиди го логорот!+ 11  И слушни што зборуваат,+ па ќе се охрабриш+ и ќе го нападнеш логорот!“ Тогаш тој и Фура, неговиот слуга, слегоа до првите борбени редови во логорот. 12  А Мадијамците, Амаличаните и сите народи од Исток+ се беа сместиле по долината, бројни како скакулци.+ На нивните камили+ им немаше број, ги имаше многу како песокот на морскиот брег. 13  Кога Гедеон дојде, гледај, еден човек му раскажуваше сон на својот другар: „Еве, сонив сон.+ И гледај, јачменова погача се тркалаше во мадијамскиот логор. И дојде до еден шатор и така го погоди што тој падна,+ се преврте и се урна“. 14  А другарот му одговори:+ „Тоа не е ништо друго освен мечот на Гедеон,+ синот на Јоас, Израелецот. Вистинскиот Бог+ му ги предаде в раце Мадијамците и целиот логор“.+ 15  Кога чу како оној го раскажува сонот, а другиот го толкува,+ Гедеон падна ничкум.*+ Потоа се врати во израелскиот логор и рече: „Станувајте,+ зашто Јехова го предаде мадијамскиот логор во ваши раце!“ 16  И ги подели тие триста луѓе на три чети, на сите им даде в раце рогови,+ празни ќупови и факли во ќуповите. 17  И им рече: „Гледајте ме мене и правете го истото што ќе го правам јас! Кога ќе дојдам на работ од логорот, правете го истото што ќе го правам јас! 18  Кога ќе затрубам во рогот, јас и сите што се со мене, и вие затрубете во роговите околу целиот логор+ и викнете: ‚Мечот Јеховин+ и Гедеонов!‘ “ 19  Така Гедеон и стоте луѓе што беа со него дојдоа до работ на логорот во почетокот на средната ноќна стража,*+ токму кога се менуваа стражите. И почнаа да трубат во роговите+ и да ги кршат ќуповите што им беа во рацете.+ 20  Така трите чети дувнаа во роговите+ и ги скршија ќуповите. Со левата рака ги држеа факлите, а со десната роговите за да трубат во нив и почнаа да викаат: „Мечот Јеховин+ и Гедеонов!“ 21  И секој стоеше на своето место околу логорот, а сите од логорот се растрчаа, па почнаа да викаат и да бегаат.+ 22  Тие триста+ луѓе трубеа во роговите,+ а Јехова направи сите во логорот да го свртат мечот еден против друг.+ И сите од логорот се разбегаа дури до Вет-Шита, кон Зерерат,* до работ на Авел-Мехол+ кај Тават. 23  А Израелците од племињата на Нефталим,+ Асер+ и од целото племе на Манасија+ се собраа и тргнаа во потера+ по Мадијамците. 24  И Гедеон испрати гласници по сите ефремски планини+ да велат: „Слезете пред Мадијамците и заземете ги пред нив плитките места преку реките дури до Вет-Вара и преку Јордан!“ Така се собраа сите луѓе од племето на Ефрем и ги зазедоа плитките места преку реките+ дури до Вет-Вара и преку Јордан. 25  Ги заробија и двајцата мадијамски кнезови, Орив и Зива.+ Орив го убија на карпата на Орив,+ а Зива го убија кај винското гмечало на Зива. И ги гонеа Мадијамците,+ а главите на Орив и на Зива му ги донесоа на Гедеон во јорданскиот крај.+

Фусноти

Или: „му покажа почит на Бог; изврши чин на обожавање пред Бог“.
Средната ноќна стража почнувала околу 22 часот, а завршувала во 2 часот.
Зерерат и Сартан од 1Ца 4:12 веројатно се однесуваат на истото место.