Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 5:1-31

5  Во тој ден, Девора+ и Варак,+ синот на Авиноам,+ ја запеаја оваа песна:+   „Луѓето ги распуштија косите во Израел, подготвени за битка, народот доброволно се одѕва,+ затоа благословувајте го Јехова!+   Слушајте, цареви!+ Чујте, владетели! Ќе му пеам на Јехова, со песна ќе го фалам+ Јехова, Богот на Израел.+   Јехова, кога доаѓаше од Сеир,+ кога излегуваше од едомското поле,+ земјата се тресеше+ и небото се истури,+ од облаците се лееше дожд.   Пред Јеховиното лице се растопија планините+ и пред лицето на Јехова,+ Богот на Израел,+ се растопи и самиот Синај.+   Во деновите на Самегар,+ синот на Анат, во деновите на Јаила,+ опустеа патиштата, а патниците одеа по заобиколни патишта.+   Пусти беа селата во Израел, пусти беа,+ додека не станав јас, Девора,+ додека не станав како мајка во Израел.+   Нови богови тие си избраа.+ Тогаш војната им беше на врата.+ Ни штит ни копје не се виде меѓу четириесетте илјади во Израел.+   Моето срце е со заповедниците на Израел,+ кои доброволно се јавија од народот.+ Благословувајте го Јехова!+ 10  Вие што јавате на лисести магарици,+ седите на раскошни килими и одите по патиштата, размислете!+ 11  Се чуја гласовите на оние што делат вода на поилата.+ Таму ги набројуваа праведните дела на Јехова,+ праведните дела на неговиот народ, кој живее во израелските села. Тогаш Јеховиниот народ слезе на портите. 12  Разбуди се, о Деворо,+ разбуди се! Разбуди се, разбуди се и запеј песна!+ Стани, Вараку,+ и одведи ги своите заробеници, сине Авиноамов!+ 13  Тогаш преживеаните слегоа кај јунаците. Јеховиниот народ слезе кај мене за да се бори против силните. 14  Од Ефрем потекнаа оние што дојдоа во рамницата,+ тие се со тебе, Венијамине, меѓу твојот народ. Од Махир+ излегоа заповедниците, од Завулон — оние што се служат со писарски прибор.+ 15  Кнезовите на Исахар+ беа со Девора, како Исахар беше и Варак,+ во рамницата беше испратен пеш.+ Долго се колебаше срцето на Рувимовите синови.+ 16  Зошто седна меѓу дисаѓите? За да го слушаш звукот на кавалот, кој им свири на стадата?+ Долго се колебаше срцето на Рувимовите синови.+ 17  Галад остана во своето живеалиште од онаа страна на Јордан.+ А зошто Дан остана на бродовите во тоа време?+ Асер седеше на брегот и безделничеше, и живееше во своите пристаништа.+ 18  Завулон е народ што ја изложува својата душа на смрт,+ а исто и Нефталим,+ на полските височинки.+ 19  Царевите дојдоа во битка. Тогаш ханаанските цареви се бореа+ во Танах,+ кај водите на Мегидо,+ но не запленија сребро.+ 20  Ѕвездите од небото се бореа,+ од своите патеки се бореа против Сисара. 21  Потокот Кисон ги однесе сите,+ прадревниот поток, потокот Кисон.+ Душо моја, ти ги газеше силните!+ 22  Тогаш се чу коњскиот топот,+ силниот јуриш на пастувите. 23  ‚Проколнувајте+ го Мероз!‘ — рече Јеховиниот ангел.+ ‚Проколнувајте ги неговите жители, зашто не му дојдоа на помош на Јехова, не му помогнаа на Јехова со јунаците!‘ 24  Благословена да е Јаила,+ жената на Хевер Кенеецот,+ повеќе од сите жени, благословена да е повеќе од сите жени во шаторите!+ 25  Тој побара вода, таа му даде млеко. Во голем господски сад му налеа кисело млеко.+ 26  Со раката посегна по клинот, а со својата десница по ковачкиот чекан.+ И го удри Сисара, главата му ја прободе,+ слепоочниците му ги здроби и му ги расцепи. 27  Се струполи меѓу нејзините нозе, падна, легна. Се струполи меѓу нејзините нозе, падна. Каде што се струполи, таму мртов остана.+ 28  Низ прозорецот гледаше мајката на Сисара, со поглед го бараше низ прозорската решетка:+ ‚Зошто толку долго не се враќа неговата кола?+ Зошто доцни тропотот на неговата запрега?‘+ 29  Нејзините мудри благороднички+ ѝ одговараа, а и самата таа си одговараше: 30  ‚Не најдоа ли плен, па го делат,+ по една до две девојки на секој човек,+ разнобојни ткаенини запленија за Сисара, разнобојни ткаенини запленија, везена облека, обоена ткаенина, две везени облеки да бидат украс околу вратот на оние што го нашле пленот?‘ 31  Така нека пропаднат сите твои непријатели,+ Јехова! А оние што те сакаат+ нека бидат како сонцето кога излегува во својата сила!“+ И земјата беше во мир четириесет години.+

Фусноти