Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 4:1-24

4  А по смрта на Ехуд, синовите на Израел пак почнаа да го прават она што е зло во Јеховини очи.+  И Јехова ги предаде*+ во рацете на Јавин, ханаанскиот цар, кој владееше во Асор.+ Заповедник на неговата војска беше Сисара,+ кој живееше во незнабожечкиот Аросет.+  И синовите на Израел почнаа да викаат за помош кон Јехова,+ затоа што тој имаше деветстотини бојни коли со железни сечила+ и свирепо ги угнетуваше синовите на Израел+ дваесет години.  Во тоа време, пророчицата+ Девора, жената на Лафидот, судеше во Израел.  Живееше под Деворината палма меѓу Рама+ и Ветил,+ во ефремските планини. Израеловите синови доаѓаа кај неа за да им суди.  И таа испрати по Варак,+ синот на Авиноам, од Кедес-Нефталим,+ и му рече: „Зар Јехова, Богот на Израел, не издаде заповед: ‚Оди и рашири се на планината Тавор.+ Земи со себе десет илјади луѓе од синовите на Нефталим+ и од синовите на Завулон,+  па кај тебе во долината* на Кисон,+ ќе ти го доведам+ Сисара,+ заповедникот на Јавиновата+ војска, со неговите бојни коли и со неговото мноштво, и ќе го предадам во твои раце‘?“+  Тогаш Варак ѝ рече: „Ако дојдеш со мене, ќе одам, но ако не дојдеш со мене, нема да одам“.  А таа одговори: „Ќе дојдам со тебе! Но славата нема да ти припадне тебе на патот по кој ќе одиш, зашто Јехова ќе го предаде* Сисара во рацете на една жена“.+ Тогаш Девора стана и отиде со Варак во Кедес.+ 10  И Варак ги свика Завулон+ и Нефталим во Кедес, и десет илјади луѓе појдоа по него,+ а со него појде и Девора. 11  А Кенеецот Хевер+ се одвои од Кенејците,+ кои му беа синови на Овав, тестот на Мојсеј,+ и го распна својот шатор во близина на големото стебло во Сананим, кај Кедес. 12  И му јавија на Сисара дека Варак, синот на Авиноам,+ дошол на планината Тавор.+ 13  Тогаш Сисара ги собра сите свои бојни коли, деветстотини бојни коли со железни сечила,+ и сите луѓе што беа со него, па ги поведе од незнабожечкиот Аросет во долината на Кисон.+ 14  Тогаш Девора му рече на Варак: „Стани, зашто ова е ден кога Јехова ќе го предаде Сисара во твои раце! Не оди ли пред тебе Јехова?“+ И Варак се спушти од планината Тавор со десет илјади луѓе што одеа по него. 15  И Јехова ги збрка+ Сисара, сите негови бојни коли и сета негова војска и ги погуби со сечилото на Вараковиот меч. А Сисара слезе од колата и побегна пеш. 16  Варак ги гонеше+ бојните коли+ и војската дури до незнабожечкиот Аросет, и целата војска на Сисара падна од сечилото на мечот. Ниту еден не остана.+ 17  А Сисара+ побегна пеш до шаторот на Јаила,+ жената на Кенеецот Хевер,+ зашто Јавин, царот на Асор,+ беше во мир со домот на Кенеецот Хевер. 18  Тогаш Јаила му излезе во пресрет на Сисара и му рече: „Намини ваму, господару, намини кај мене! Не плаши се!“ И тој намина кај неа во шаторот, а таа го покри со покривка. 19  И тој ѝ рече: „Те молам, дај ми да се напијам малку вода зашто сум жеден!“ А таа му отвори мешина+ со млеко и му даде да пие,+ па пак го покри. 20  Тогаш тој ѝ рече: „Застани на влезот од шаторот, па ако дојде некој и те праша: ‚Има ли некој тука?‘ — ти одговори му: ‚Нема никој!‘ “ 21  И Јаила, жената на Хевер, го зеде шаторскиот клин, а зеде и чекан во раката. Кога тој цврсто заспа од умор, му пријде крадешкум и му го заби клинот во слепоочниците,+ така што клинот се заби во земјата. И тој умре.+ 22  И гледај, дојде Варак, кој го прогонуваше Сисара. Јаила му излезе во пресрет и му рече: „Дојди да ти го покажам човекот што го бараш!“ Тој влезе кај неа, и гледај, Сисара лежеше мртов, со клинот во слепоочниците. 23  Така Бог во тој ден го покори+ Јавин, ханаанскиот цар, пред Израеловите синови. 24  А раката на Израеловите синови сѐ повеќе го притискаше Јавин, ханаанскиот+ цар, додека на крајот не го погубија Јавин, ханаанскиот цар.+

Фусноти

Буквално: „продаде“.
Види го додатокот 12.
Буквално: „продаде“.