Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 20:1-48

20  Тогаш излегоа сите синови на Израел,+ од Дан+ до Вирсавеја,+ заедно со галадската земја,+ и сите од заедницата се собраа како еден+ пред Јехова во Миспа.+  И главатарите на целиот народ, на сите племиња на Израел, го зазедоа своето место на собирот* на народот на вистинскиот Бог,+ кој броеше четиристотини илјади пешаци вооружени со меч.+  А синовите на Венијамин слушнаа дека синовите на Израел отишле во Миспа.+ Тогаш синовите на Израел рекоа: „Кажете! Како се случи тоа зло?“+  Тогаш тој човек, левит,+ мажот на убиената жена, вака одговори: „Во Венијаминова Гаваја+ дојдов да ноќевам со својата наложница.*+  А жителите на Гаваја станаа против мене и ноќта ја опколија куќата во која бев. Сакаа да ме убијат мене, но, наместо тоа, ја силуваа мојата наложница+ и таа умре.+  Затоа ја зедов својата наложница, ја исеков на парчиња и ги испратив по сите краишта на наследството на Израел,+ зашто во својата бесрамност+ направија срамно и безумно дело во Израел.+  И сега, сите вие синови на Израел, посоветувајте се овде и кажете што одлучивте“.+  Тогаш сите од народот станаа како еден+ и рекоа: „Никој од нас нема да се врати во својот шатор и никој нема да си оди во својата куќа,+  туку вака ќе ѝ направиме на Гаваја: со ждрепка ќе одлучиме+ како да тргнеме против неа. 10  Ќе земеме по десет луѓе од сто, од сите племиња на Израел, по сто од илјада и по илјада од десет илјади, кои ќе набавуваат храна за луѓето што ќе тргнат против Венијаминова Гаваја поради тоа срамно и безумно дело+ што го направи во Израел“. 11  Така сите Израелци се обединија и се собраа сложно како еден против тој град. 12  Тогаш племињата на Израел испратија луѓе по целото Венијаминово племе+ со пораката: „Какво е тоа зло што се случило меѓу вас?+ 13  Затоа сега предајте+ ги тие никаквеци+ што се во Гаваја+ за да ги погубиме+ и така да го отстраниме злото од Израел!“+ Но синовите на Венијамин не сакаа да го послушаат гласот на своите браќа, синовите на Израел.+ 14  Тогаш синовите на Венијамин дојдоа од своите градови и се собраа во Гаваја за да излезат во бој против синовите на Израел. 15  Така во тој ден се собраа синовите на Венијамин од нивните градови, дваесет и шест илјади луѓе вооружени со меч,+ без жителите на Гаваја, од кои се собраа седумстотини избрани луѓе. 16  Од сиот тој народ имаше седумстотини избрани луѓе, кои беа левучари.+ Секој погодуваше многу точно со камен од праќа+ и не ја промашуваше целта. 17  А од Израелците, без синовите на Венијамин, се собраа четиристотини илјади луѓе вооружени со меч,+ сѐ само воини. 18  Синовите на Израел станаа и појдоа во Ветил за да бараат совет од Бог.+ И прашаа: „Кој од нас ќе тргне прв во бој против синовите на Венијамин?“+ А Јехова одговори: „Јуда нека тргне прв!“+ 19  Така изутрината синовите на Израел станаа и се улогорија пред Гаваја. 20  И Израелците излегоа во бој против Венијамин. Пред Гаваја Израелците се наредија во борбени редови и тргнаа против нив. 21  А синовите на Венијамин излегоа од Гаваја+ и во тој ден погубија дваесет и две илјади Израелци.+ 22  Но синовите на Израел беа храбри и пак се наредија во борбени редови на местото на кое се беа наредиле првиот ден. 23  Тогаш синовите на Израел отидоа и плачеа+ пред Јехова сѐ до вечерта. И бараа совет од Јехова, велејќи: „Да излеземе ли пак во бој против синовите на Венијамин, својот брат?“+ А Јехова одговори: „Излезете против него!“ 24  На вториот ден синовите на Израел им се приближија на синовите на Венијамин.+ 25  А Венијамин и на вториот ден излезе од Гаваја пред нив и погуби уште осумнаесет илјади луѓе од синовите на Израел,+ сѐ само воини вооружени со меч.+ 26  Тогаш сиот народ, сите синови на Израел+ отидоа во Ветил и, откако дојдоа таму, плачеа+ и седеа пред Јехова. Тој ден постеа+ до вечерта и принесуваа пред Јехова жртви паленици+ и жртви на заедништвото.+ 27  Потоа синовите на Израел побараа совет од Јехова,+ вистинскиот Бог, зашто во тоа време ковчегот на неговиот сојуз+ се наоѓаше таму. 28  А Финес,+ синот на Елеазар, син на Арон, тогаш служеше пред ковчегот.+ И тој праша: „Ќе излеземе ли пак во бој против синовите на Венијамин, својот брат, или да се откажеме?“+ А Јехова одговори: „Одете, бидејќи утре ќе го предадам во ваши раце!“+ 29  Тогаш Израел постави заседа+ околу Гаваја. 30  И на третиот ден излегоа синовите на Израел против синовите на Венијамин и се наредија во борбени редови пред Гаваја, како и порано.+ 31  Кога синовите на Венијамин излегоа против нив, тие ги намамија од градот.+ Тогаш синовите на Венијамин, како и порано, почнаа да убиваат некои од нив по полските патишта, од кои едниот оди во Ветил,+ а другиот во Гаваја,+ и така убија околу триесет Израелци.+ 32  И синовите на Венијамин рекоа: „Паѓаат пред нас како и порано“.+ А синовите на Израел рекоа: „Да бегаме+ за да ги намамиме од градот на патиштата!“ 33  И сите Израелци се кренаа од своите места и се наредија во борбени редови кај Ваал-Тамара, а оние Израелци што беа во заседа+ тргнаа на јуриш од своите места близу до Гаваја.+ 34  Така пред Гаваја дојдоа десет илјади луѓе избрани од целиот Израел, и битката беше жестока. А синовите на Венијамин не знаеја дека ќе ги снајде зло.+ 35  И Јехова го порази Венијамин+ пред Израел, така што синовите на Израел во тој ден му погубија на Венијамин дваесет и пет илјади и сто луѓе, сѐ само воини вооружени со меч.+ 36  Синовите на Венијамин мислеа дека ги поразија Израелците кога овие почнаа да се повлекуваат пред нив, имајќи доверба во заседата што ја поставија пред Гаваја.+ 37  А луѓето во заседата+ брзо се кренаа и удрија на Гаваја.+ Се раширија по градот и убија сѐ во него со сечилото на мечот.+ 38  Израелците се беа договориле со оние во заседата да им дадат димен знак од градот.+ 39  Кога синовите на Израел почнаа да се повлекуваат од битката, синовите на Венијамин почнаа да ги убиваат и погубија околу триесет Израелци,+ велејќи: „Паѓаат пред нас како и во првата битка“.+ 40  Тогаш од градот почна да се крева столб од чад+ како знак.+ Кога синовите на Венијамин се обѕрнаа, гледај, целиот град беше во пламен и пламенот се креваше кон небото.+ 41  Тогаш Израелците се свртија,+ а синовите на Венијамин ги обзеде страв+ зашто видоа дека ги снајде зло.+ 42  И бегаа пред Израелците кон пустината, но воините им беа зад петици, а и оние Израелци што доаѓаа од градот ги убиваа оние што се најдоа меѓу нив. 43  Така ги опколија синовите на Венијамин.+ Ги гонеа без починка+ и ги погубија точно пред Гаваја,+ кон исток. 44  И паднаа осумнаесет илјади луѓе од племето на Венијамин, сѐ само смели мажи.+ 45  Тогаш се завртија и побегнаа во пустината до карпата Римон.+ Израелците убија по патиштата+ уште пет илјади нивни луѓе, а потоа ги гонеа сѐ до Гидом и убија уште две илјади луѓе. 46  Во тој ден паднаа вкупно дваесет и пет илјади синови на Венијамин вооружени со меч,+ сѐ само смели мажи. 47  А шестотини луѓе се свртија и побегнаа во пустината до карпата Римон, и живееја на карпата Римон+ четири месеци. 48  А Израелците се вратија и пак ги нападнаа синовите на Венијамин и убија со сечилото на мечот сѐ што беше во градовите, од човек до стока, сѐ што најдоа.+ А и сите градови на кои наидоа ги запалија со оган.+

Фусноти

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.