Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 2:1-23

2  Тогаш Јеховиниот ангел+ дојде од Гилгал+ во Вохим,+ па рече: „Ве изведов од Египет и ве доведов во земјата која со заклетва им ја ветив на вашите прататковци.+ И реков: ‚Никогаш нема да го раскинам својот сојуз со вас.+  А вие не склучувајте сојуз со жителите на оваа земја!+ Разурнете ги нивните жртвеници!‘+ Но вие не го послушавте мојот глас.+ Зошто го сторивте тоа?+  Затоа ви велам: ‚Нема да ги истерам од пред вас, туку тие ќе ви бидат замка+ и нивните богови ќе ви бидат мамка‘ “.+  А кога Јеховиниот ангел им ги кажа овие зборови на сите синови на Израел, народот почна гласно да плаче.+  Затоа го нарекоа тоа место Вохим.* И таму му принесоа жртви на Јехова.  Кога Исус Навин го распушти народот, синовите на Израел отидоа да ја заземат земјата, секој своето наследство.+  И народот му служеше на Јехова во сите денови на Исус Навин и во сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус Навин и ги видоа сите големи дела на Јехова, кои тој ги направи за Израел.+  А Исус, синот на Навин, слуга Јеховин, умре на возраст од сто и десет години.+  И го погребаа на подрачјето што спаѓаше во неговото наследство во Тамнат-Арес,*+ во ефремските планини, северно од планината Гаш.+ 10  А и целото она поколение им се придружи на своите татковци.+ По него дојде друго поколение кое не го познаваше ниту Јехова ниту делата што ги направи тој за Израел.+ 11  И синовите на Израел почнаа да го прават она што е зло во очите на Јехова+ и да им служат на Вааловците.+ 12  И го оставија Јехова, Богот на своите татковци, кој ги изведе од египетската земја,+ и појдоа по други богови меѓу боговите на народите што беа околу нив+ и почнаа да им се клањаат и на тој начин го навредуваа Јехова.+ 13  Го оставија Јехова и почнаа да им служат на Ваал и на Астартите.+ 14  Тогаш Јехова пламна од гнев против Израел,+ па ги предаде во рацете на пљачкашите, кои ги пљачкаа.+ И ги предаде* во рацете на нивните непријатели што живееја околу нив,+ така што повеќе не можеа да им се спротивставуваат на своите непријатели.+ 15  Каде и да тргнеа, Јеховината рака беше против нив на нивна пропаст,+ како што рече Јехова и како што им се заколна Јехова.+ И беа во голема неволја.+ 16  Затоа Јехова им подигаше судии,+ кои ги избавуваа од рацете на оние што ги пљачкаа.+ 17  Но не ги слушаа ни своите судии, туку почитуваа+ други богови*+ и им се клањаа. Брзо скршнаа од патот по кој одеа нивните прататковци, кои ги слушаа Јеховините заповеди.+ А тие не правеа така. 18  И кога им подигаше судии,+ Јехова беше со секој судија. Јехова ги избавуваше од рацете на нивните непријатели во сите денови на судијата. Кога ќе го чуеше нивното офкање, Јехова се сожалуваше+ на нив поради оние што ги потискаа+ и ги угнетуваа. 19  А кога ќе умреше судијата, тие пак се одвратуваа од него и постапуваа уште полошо отколку нивните татковци и одеа по други богови, им служеа и им се клањаа.+ Не отстапуваа од своите дела и од своите тврдокорни постапки.+ 20  Тогаш Јехова многу се разгневи+ против Израел и рече: „Поради тоа што овој народ го престапи мојот сојуз,+ кој го склучив со нивните прататковци, и не го послуша мојот глас,+ 21  ни јас повеќе нема да истерам од пред нив ниту еден од оние народи што ги остави Исус Навин кога умре.+ 22  Со нив ќе го искушам+ Израел, дали ќе се држи за Јеховиниот пат и дали ќе оди по него како што го правеа тоа неговите татковци или нема“. 23  Затоа Јехова ги остави тие народи и не ги истера веднаш,+ ниту ги предаде во рацете на Исус Навин.

Фусноти

„Вохим“ значи „оние што плачат“.
Во ИсН 19:50; 24:30 „Тамнат-Сарах“.
Буквално: „продаде“.
Буквално: „блудствуваа со други богови“. Види го додатокот 6.