Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 18:1-31

18  Во тоа време немаше цар во Израел.+ Дановото племе+ тогаш бараше земја што ќе му припадне во наследство, каде што ќе се насели, зашто дотогаш немаа добиено наследство меѓу Израеловите племиња.+  Затоа синовите на Дан испратија петмина луѓе од своето семејство, храбри луѓе од Сора+ и од Естаол,+ да ја извидат+ земјата и да ја истражат. И им рекоа: „Одете, истражете ја земјата!“ А тие дојдоа во ефремските планини+ до куќата на Миха+ и таму преноќеваа.  Кога беа близу до куќата на Миха, го препознаа гласот на младиот левит, па навратија таму и го прашаа: „Кој те довел овде? Што правиш тука и зошто си овде?“  А тој им одговори: „Вака и вака ми направи Миха и ме најми+ да му служам како свештеник“.+  А тие му рекоа: „Те молиме, прашај го+ Бог+ за да знаеме дали ќе ни биде успешен патот по кој сме тргнале!“  Тогаш свештеникот им рече: „Одете во мир! Патот по кој сте тргнале е по Јеховина волја“.  И така тие петмина мажи отидоа и стигнаа во Лаиш.+ И видоа дека тамошниот народ, според сидонскиот обичај, живее без страв, без да зависи од другите, дека живее мирно и безгрижно+ и дека во земјата нема освојувач, кој би ги угнетувал и би ги напаѓал. Освен тоа, беа далеку од Сидонците+ и немаа никаква врска со другите народи.  Кога се вратија кај своите браќа во Сора+ и во Естаол,+ браќата ги прашаа: „Како беше?“  А тие одговорија: „Станете и да тргнеме против нив! Зашто, земјата што ја видовме е многу добра.+ Не колебајте се и не бидете неодлучни, туку тргнете да ја заземете таа земја!+ 10  Кога ќе стигнете таму, ќе затечете безгрижен народ+ и пространа земја. Бог ви ја предава в раце+ таа земја во која не недостасува ништо од земните добра“.+ 11  Тогаш шестотини луѓе од племето на Дан+ го опашаа оружјето за војна и тргнаа оттаму, односно од Сора и од Естаол.+ 12  И отидоа и се улогорија во Киријат-Јарим+ во Јуда. Затоа тоа место до денешен ден го викаат Махане-Дан.*+ А тоа е западно од Киријат-Јарим. 13  Потоа, оттаму тргнаа во ефремските планини и дојдоа до куќата на Миха.+ 14  Тогаш оние петмина што претходно ја извидуваа+ земјата околу Лаиш+ им рекоа на своите браќа: „Знаете ли дека во оваа куќа има свештенички ефод, домашни идоли,+ режан лик+ и излеана статуа?+ Сега промислете што ќе правите“.+ 15  И така навратија таму и дојдоа во куќата на младиот левит,+ во куќата на Миха, и го прашаа како е.+ 16  За тоа време, шестотините луѓе од синовите на Дан,+ со оружје опашано за војна,+ стоеја пред портата. 17  Оние петмина што беа отишле да ја извидуваат земјата+ се качија горе и влегоа таму за да ги земат режаниот лик,+ свештеничкиот ефод,+ домашните идоли+ и излеаната статуа.+ А свештеникот+ стоеше пред портата со шестотини луѓе кои имаа оружје опашано за војна. 18  Овие влегоа во куќата на Миха, па ги зедоа режаниот лик, свештеничкиот ефод, домашните идоли и излеаната статуа.+ Тогаш свештеникот+ им рече: „Што правите?“ 19  А тие му одговорија: „Молчи! Стави ја раката на уста и тргни со нас, па биди ни татко+ и свештеник!+ Подобро ли ти е да бидеш свештеник во домот на еден човек+ или да бидеш свештеник на племе и семејство во Израел?“+ 20  Кога го чу тоа, свештеникот се израдува во своето срце,+ па ги зеде свештеничкиот ефод, домашните идоли и режаниот лик+ и му се придружи на народот. 21  Потоа се свртија и отидоа, а децата, стоката и скапоцените работи ги ставија напред.+ 22  Кога веќе беа оддалечени од куќата на Миха, луѓето што живееја во куќите близу до куќата на Миха+ се собраа и тргнаа да ги стигнат синовите на Дан. 23  И почнаа да викаат по синовите на Дан, а тие се свртија и му рекоа на Миха: „Што ти е?+ Зошто си собрал толку луѓе?“ 24  А тој одговори: „Ми ги зедовте боговите+ што си ги направив+ и свештеникот,+ и си заминавте. А што ми остана мене?+ Како можете уште да ме прашате: ‚Што ти е?‘ “ 25  Тогаш синовите на Дан му рекоа: „Да не ти чуеме глас! Зашто, ако ве нападнат гневни луѓе, ќе ги изгубиш својата душа и душите на својот дом“. 26  И синовите на Дан продолжија по патот, а Миха, откако виде дека се посилни од него,+ се заврте и се врати во својата куќа. 27  Така го зедоа она што Миха го имаше направено и неговиот свештеник+ и отидоа во Лаиш+ за да нападнат еден мирен и безгрижен народ.+ И ги убија со сечилото на мечот,+ а градот го изгореа во оган.+ 28  И немаше кој да ги избави граѓаните, зашто беа далеку од Сидон+ и немаа никаква врска со другите народи. Градот се наоѓаше во рамницата на Вет-Рехов.+ Потоа повторно го изградија градот и се населија во него.+ 29  И го нарекоа Дан според името на својот татко Дан,+ кој му се роди на Израел.+ А градот порано се викаше Лаиш.+ 30  Потоа синовите на Дан си го поставија режаниот лик.+ А Јонатан,+ синот на Гирсом,+ син на Мојсеј, и неговите синови беа свештеници на племето на Дан до денот кога народот од таа земја беше одведен во изгнанство.+ 31  И оној режан лик што го направи Миха стоеше меѓу нив за сето време додека домот+ на вистинскиот Бог беше во Сило.+

Фусноти

„Махане-Дан“ значи „логорот на Дан“.