Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 12:1-15

12  Тогаш се собраа луѓето од племето на Ефрем, отидоа на север и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во борба против синовите на Амон, а нас не нѐ повика да одиме со тебе?+ Ќе ти ја изгориме и куќата и тебе!“+  Но Јефтај им рече: „Јас и мојот народ бевме во жесток судир со синовите на Амон.+ И ве повикував на помош, но не ме избавивте од нивната рака.  Кога видов дека не ме избавувате, решив да ја изложам на опасност својата душа*+ и да тргнам против синовите на Амон.+ Јехова ми ги предаде в раце. Тогаш зошто сте излегле денес за да се борите против мене?“  Тогаш Јефтај ги собра сите луѓе од Галад+ и започна битка со Ефрем. И луѓето од Галад ги убија луѓето од племето на Ефрем, зашто овие рекоа: „Вие, Галаде, сте бегалци од Ефрем и живеете среде Ефрем и среде Манасија“.  И Галад ги зазеде плитките места+ во Јордан пред Ефрем. И кога некој од бегалците на Ефрем ќе речеше: „Пуштете ме да поминам!“ Галадците го прашуваа секој од нив: „Дали си од племето на Ефрем?“ Кога тој ќе одговореше: „Не сум“,  тие ќе му речеа: „Ајде, кажи Шиболет!“+ А тој ќе речеше: „Сиболет“, зашто не можеше исправно да го изговори зборот. Тогаш го фаќаа и го погубуваа на плитките места во Јордан. Така во тоа време паднаа четириесет и две илјади луѓе од Ефрем.+  И Јефтај му судеше на Израел шест години. Потоа умре Галадецот Јефтај и беше погребан во својот град, во Галад.  По него на Израел му судеше+ Авесан од Витлеем.+  Тој имаше триесет синови и триесет ќерки. Испрати луѓе да доведат триесет жени од друг род за неговите синови. И му судеше на Израел седум години. 10  Потоа умре Авесан и беше погребан во Витлеем. 11  По него на Израел му судеше Завулонецот+ Елон. И му судеше на Израел десет години. 12  Потоа умре Завулонецот Елон и беше погребан во Ајалон, во земјата на Завулон. 13  По него на Израел му судеше Авдон, синот на Фаратонецот+ Елел. 14  Имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет магариња.+ И му судеше на Израел осум години. 15  Потоа умре Авдон, синот на Фаратонецот Елел, и беше погребан во Фаратон, во земјата на Ефрем, во амаличките планини.+

Фусноти

Буквално: „да ја ставам својата душа на својата дланка“.