Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Судиите 11:1-40

11  А Галадецот+ Јефтај+ беше силен и смел човек.+ Беше син на една блудница,+ а татко на Јефтај му беше Галад.  Но, на Галад му роди синови и неговата жена. Кога пораснаа, синовите на таа жена го избркаа Јефтај, велејќи му: „Нема да добиеш наследство во домот на нашиот татко,+ зашто си син на друга жена“.  Затоа Јефтај побегна од своите браќа и се насели во земјата Тов.+ Околу Јефтај се насобраа безделници и со него одеа да пљачкаат.+  По некое време, синовите на Амон го нападнаа Израел.+  А кога синовите на Амон го нападнаа Израел,+ галадските старешини отидоа да го доведат Јефтај од земјата Тов.+  И му рекоа на Јефтај: „Дојди и биди ни заповедник за да се бориме против синовите на Амон!“  Но Јефтај им рече на галадските старешини:+ „Нели ме мразевте и ме истеравте од домот на татко ми?+ Зошто доаѓате кај мене сега, кога сте во неволја?“+  Тогаш галадските старешини му рекоа на Јефтај: „Затоа дојдовме кај тебе,+ за да појдеш со нас и да се бориш против синовите на Амон и за да ни бидеш поглавар нам и на сите жители на Галад“.+  А Јефтај им рече на галадските старешини: „Ако ме одведете назад за да се борам против синовите на Амон и ако Јехова ми ги предаде,+ ќе ви бидам поглавар“. 10  Тогаш галадските старешини му рекоа на Јефтај: „Јехова нѐ слуша и тој нека суди меѓу нас+ ако не направиме така како што рече ти!“+ 11  Така Јефтај отиде со галадските старешини, и народот го постави за свој поглавар и за заповедник.+ И Јефтај ги повтори сите свои зборови пред Јехова+ во Миспа.+ 12  Потоа Јефтај испрати гласници кај царот на Амоновите синови+ и му порача: „Што имаш против мене,+ па си дошол да се бориш со мене во мојата земја?“ 13  Тогаш царот на Амоновите синови им рече на гласниците на Јефтај: „Кога излезе од Египет,+ Израел ми ја зеде земјата од Арнон+ до Јавок и до Јордан.+ Затоа сега врати ми ја на мирен начин“. 14  Но Јефтај пак испрати гласници кај царот на Амоновите синови 15  и му рече: „Вака вели Јефтај: ‚Израел не ја зеде ни моавската земја+ ни земјата на Амоновите синови.+ 16  Зашто, кога излезе од Египет, Израел одеше преку пустината до Црвеното Море+ и дојде во Кадис.+ 17  Тогаш Израел испрати гласници кај едомскиот цар+ и му порача: „Те молам, пушти ме да поминам преку твојата земја“. Но едомскиот цар не послуша. Испрати гласници и кај моавскиот+ цар, но и тој одби. Така Израел остана во Кадис.+ 18  Одејќи преку пустината, ги заобиколија едомската земја+ и моавската земја. Одеа источно од моавската земја+ и се улогорија во подрачјето на Арнон. И не ја преминаа моавската граница,+ зашто Арнон беше моавска граница.+ 19  Потоа Израел испрати гласници кај Сихон, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон.+ И Израел му порача: „Те молам, пушти нѐ да поминеме преку твојата земја до своето место“.+ 20  Но Сихон не му веруваше на Израел дека само ќе помине преку неговото подрачје. Затоа Сихон го собра целиот свој народ, се улогори во Јаса+ и го нападна Израел.+ 21  Тогаш Јехова, Богот на Израел, ги предаде Сихон и целиот негов народ во рацете на Израел, кој ги порази. И Израел ја зазеде целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја.+ 22  Така ја освои целата аморејска земја од Арнон до Јавок и од пустината до Јордан.+ 23  А сега кога Јехова, Богот на Израел, ги истера Аморејците од пред својот народ Израел,+ ти сакаш да ги истераш нив. 24  Нема ли да ги истераш сите оние што Хемос,+ твојот бог, ти ги дава да ги истераш? А ние ќе го истераме секој кого Јехова, нашиот Бог, ќе го истера од пред нас.+ 25  Зар си ти подобар од Валак, синот на Сефор, моавскиот цар?+ Се препираше ли тој со Израел? Се бореше ли против него? 26  Израел веќе триста години живее во Есевон и во сите околни градови,+ во Ароир+ и во сите околни градови, а и во сите градови на работ на Арнон, па зошто за тоа време не им го одзедовте сето тоа?+ 27  Јас не ти згрешив тебе, туку ти постапуваш погрешно со мене борејќи се против мене. Денес Јехова, Судијата,+ нека суди меѓу синовите на Израел и синовите на Амон!‘ “ 28  Но царот на Амоновите синови не го послуша она што му го порача Јефтај.+ 29  Тогаш Јеховиниот дух слезе на Јефтај+ и тој помина низ Галад и низ подрачјето на Манасија, помина и низ Миспе во Галад,+ а од Миспе во Галад дојде до синовите на Амон. 30  И Јефтај му се заветува+ на Јехова: „Ако ми ги предадеш в раце синовите на Амон, 31  на Јехова нека му припадне+ оној што ќе излезе на вратата од мојот дом, кој ќе ми излезе во пресрет кога ќе се вратам како победник откај синовите на Амон. Него ќе го принесам како жртва паленица!“+ 32  Така Јефтај отиде кај синовите на Амон за да се бори против нив и Јехова му ги предаде в раце. 33  И ги порази, со многу голем колеж, од Ароир до Минит,+ во дваесет градови, дури до Авел-Керамин. Така синовите на Амон беа покорени пред синовите на Израел. 34  Потоа Јефтај се врати во својот дом во Миспа,+ и гледај, во пресрет му излезе неговата ќерка, удирајќи на дајре и играјќи.+ А таа му беше единственото дете. Освен неа немаше ни син ни ќерка. 35  Кога ја здогледа, си ја раскина облеката+ и рече: „Леле, ќерко моја! Навистина ме фрли во тага и токму ти си таа на која ѝ нанесов неволја! Зашто, му се заветував на Јехова и не можам да го одречам она што го заветував“.+ 36  А таа му одговори: „Татко мој, ако си му се заветувал на Јехова, постапи со мене според својот завет,+ зашто Јехова изврши одмазда над твоите непријатели, синовите на Амон“. 37  И уште му рече на својот татко: „Направи ми го само ова: дај ми уште два месеца и пушти ме да одам во планините и да ја исплачам својата девственост+ со моите другарки!“ 38  А тој рече: „Оди!“ Така ја пушти за два месеца. И таа отиде со другарките и ја оплакуваше во планините својата девственост. 39  Кога поминаа тие два месеца, таа се врати кај татка си и тој постапи со неа според заветот со кој се заветува.+ И таа никогаш не легна со маж. Оттогаш стана обичај во Израел 40  секоја година, четири дена во годината, ќерките на Израел да одат да ја пофалат ќерката на Галадецот Јефтај.+

Фусноти