Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Судиите 10:1-18

10  По Авимелех се крена Тола, синот на Фуа, син на Додо, од племето на Исахар, за да го избави+ Израел, а живееше во Семир во ефремските планини.+  Му судеше на Израел дваесет и три години, а потоа умре и беше погребан во Семир.  По него се крена Јаир Галадецот,+ кој му судеше на Израел дваесет и две години.  Тој имаше триесет синови, кои јаваа на триесет магариња+ и имаа триесет градови, кои до денешен ден се викаат Авот-Јаир,+ а се наоѓаат во галадската земја.  Потоа Јаир умре и беше погребан во Камон.  Синовите на Израел повторно го правеа она што е зло во Јеховини очи+ и им служеа на Вааловците,+ на Астартите,+ на сириските богови,+ на сидонските богови,+ на моавските богови,+ на боговите на Амоновите+ синови и на филистејските богови.+ Го оставија Јехова и не му служеа.+  Тогаш Јехова пламна од гнев против Израел+ и ги предаде*+ во рацете на Филистејците+ и во рацете на Амоновите синови.+  И од таа година натаму, осумнаесет години ги сотираа и тешко ги угнетуваа синовите на Израел, сите синови на Израел што беа од онаа страна на Јордан во аморејската земја, во Галад.  А синовите на Амон го преминаа Јордан за да се борат против Јуда, Венијамин и Ефремовиот дом. Така Израел се најде во голема неволја.+ 10  Тогаш синовите на Израел почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне:+ „Ти згрешивме,+ зашто те оставивме тебе, нашиот Бог, за да им служиме на Вааловците“.+ 11  А Јехова им рече на синовите на Израел: „Не ве избавував ли од Египќаните,+ од Аморејците,+ од синовите на Амон,+ од Филистејците,+ 12  од Сидонците,+ од Амаличаните+ и од Мадијамците,+ кои ве угнетуваа?+ Не ве избавував ли од нивната рака кога викавте кон мене? 13  А вие ме оставивте+ и почнавте да им служите на други богови.+ Затоа нема повеќе да ве избавувам.+ 14  Одете и повикувајте ги за помош боговите+ што сте ги избрале!+ Тие нека ве избават од вашата неволја!“ 15  А синовите на Израел му одговорија на Јехова: „Згрешивме!+ Прави со нас што мислиш дека е добро!+ Само избави нѐ денес, те молиме!“+ 16  И почнаа да ги отстрануваат туѓите богови од својата средина+ и да му служат на Јехова,+ така што неговата душа+ повеќе не можеше да ја гледа неволјата на Израел.+ 17  А синовите на Амон+ се собраа и се улогорија во Галад.+ Тогаш се собраа и синовите на Израел и се улогорија во Миспа.+ 18  Народот и галадските кнезови си велеа едни на други: „Кој ќе поведе битка против синовите на Амон?+ Тој нека биде поглавар над сите галадски жители!“+

Фусноти

Буквално: „продаде“.