Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Софонија 3:1-20

3  Тешко на бунтовниот, извалкан, насилнички град!+  Не слуша глас,+ не прифаќа поука.+ На Јехова не се надева.+ На својот Бог не му се приближува.+  Неговите кнезови среде него се како разрикани лавови.+ Неговите судии се волци вечерни, кои до утрото ќе ги изглодаат сите коски.+  Неговите пророци се дрски луѓе, неверни.+ Неговите свештеници го осквернуваат она што е свето, го кршат законот.+  Јехова е праведен среде него,+ не врши неправда.+ Секое утро ја објавува својата правда,+ и в зори таа не изостанува.+ Но неправедникот не знае за срам.+  „Ги истребив народите, аголните кули им се разурнати. Ги опустошив нивните улици, никој не поминува по нив. Нивните градови се разорени, во нив нема луѓе, нема жители.+  Реков: ‚Сега ќе се боиш од мене, ќе ја прифатиш мојата поука‘.+ Да постапеше така, живеалиштето немаше да му биде уништено.+ А сега морам од него да барам сметка за сите негови гревови.+ Ни малку не се двоумеа да прават зло во сѐ.+  ‚Затоа, чекајте ме‘,+ вели Јехова, ‚до денот кога ќе се кренам заради плен,+ зашто мојата одлука е да ги соберам народите,+ да ги соберам царствата за да ја излеам врз нив својата осуда,+ сиот свој распламтен гнев, зашто огнот на мојата ревност ќе ја проголта целата земја.+  Зашто, тогаш ќе го променам јазикот на народите во чист јазик+ за да го повикуваат сите името на Јехова+ и да му служат сложно.‘*+ 10  Од подрачјето на етиопските* реки ќе ми донесат дар оние што ми се молат, мојот расеан народ.+ 11  Во тој ден нема да се срамиш поради сите свои дела со кои ми згреши,+ зашто тогаш од твојата средина ќе ги отстранам вообразените фалбаџии,+ и никогаш повеќе нема вообразено да се издигнуваш на мојата света гора.+ 12  И во твојата средина ќе оставам народ понизен и скромен,+ кој ќе најде засолниште во името на Јехова.+ 13  Останатите од Израел+ нема да вршат неправда,+ нема да кажуваат лаги,+ ниту ќе се најде препреден јазик во нивната уста,+ зашто тие ќе пасат и ќе лежат,+ и никој нема да ги плаши.“+ 14  Викај од радост, ќерко сионска! Викај од веселба,+ Израеле! Радувај се и весели се од сѐ срце, ќерко ерусалимска!+ 15  Јехова ја тргна осудата од тебе.+ Го истера твојот непријател.+ Јехова, царот на Израел, е во твојата средина.+ Нема повеќе да се плашиш од несреќа.+ 16  Во тој ден, на Ерусалим ќе му речат: „Не плаши се, Сионе.+ Нека не ти премалат рацете!+ 17  Јехова, Богот твој, е во твојата средина. Силен е и ќе те спаси.+ Радосно ќе извикува поради тебе.+ Ќе се смири во својата љубов. Ќе ти се радува весело извикувајќи. 18  Ќе ги соберам оние што тагуваат+ далеку од твоите празници.+ Далеку беа од тебе, зашто го носеа својот срам.+ 19  Еве, во тоа време ќе станам против сите твои угнетувачи.+ Ќе го спасам сакатиот народ+ и ќе го соберам расеаниот народ.+ Ќе им прибавам фалба и добро име по целата земја каде што беа срамотени. 20  Во тоа време ќе ве доведам, во времето кога ќе ве соберам. Зашто, ќе ви создадам добро име и ќе ви прибавам фалба меѓу сите народи на земјата кога ќе ги вратам вашите заробеници пред ваши очи“, вели Јехова.+

Фусноти

Или: „рамо до рамо“. Буквално: „со едно рамо“.
Или: „реките на Хус“.