Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Софонија 2:1-15

2  Собери се, собери се+ народе што немаш срам!+  Пред да се изврши пресудата,+ пред да помине денот како плева на ветар, пред да дојде на вас распламтениот гнев на Јехова,+ пред да дојде на вас денот на Јеховиниот гнев,+  барајте го Јехова,+ сите кротки на земјата,+ кои го извршувате неговиот закон! Барајте ја праведноста,+ барајте ја кроткоста,+ и веројатно* ќе бидете заштитени+ во денот на Јеховиниот гнев.+  Зашто, Газа ќе биде напуштена,+ Аскалон ќе биде претворен во пустош.+ Азот+ ќе биде протеран напладне,+ а Екрон ќе го откорнат од корен.+  „Тешко на жителите на приморскиот крај, на народот херетејски!+ Еве ја Јеховината реч против вас! Ханаане, земјо на Филистејците, ќе те уништам, без жители ќе те оставам!+  Приморскиот крај ќе стане пасиште+ со бунари за овчарите и со камени трла за овците.  И тој крај ќе им припадне на преостанатите од домот на Јуда.+ Тие таму ќе најдат пасиште. Во куќите на Аскалон ќе се одмораат навечер, зашто Јехова, нивниот Бог, ќе ги погледне нив+ и ќе ги врати нивните заробеници.“+  „Ги чув потсмевањето на Моав+ и навредливите зборови на синовите на Амон+ со кои го срамотеа мојот народ и дрско ѝ се закануваа на неговата земја.  Затоа, како што сум жив јас,“+ вели Јехова над војските, Богот на Израел, „Моав ќе стане како Содом,+ а синовите на Амон+ како Гомор, место обрастено со коприви, јама полна со сол, пустош за навек.+ Преостанатите од мојот народ ќе ги опљачкаат, и остатокот од мојот народ ќе ги освои.+ 10  Тоа ќе го добијат за својата гордост,+ зашто го срамотеа народот на Јехова над војските и дрско му се закануваа.+ 11  Јас, Јехова, ќе ги исполнам со страв,+ зашто сите земни богови ќе ги направам немоќни,+ и мене ќе ми се поклонуваат луѓето,+ секој од своето место, сите острови* на народите.+ 12  И вие, Етиопјани,+ вие ќе бидете погубени со мојот меч.“+ 13  „Бог ќе ја дигне својата рака кон север и ќе ја уништи Асирија.+ Ниневија ќе ја претвори во пустош,+ во крај безводен како пустина. 14  И среде неа ќе лежат стада, секакви земски диви животни.+ И пеликан и бодликаво прасе+ ќе ноќева меѓу главите* на нејзините столбови.+ Глас ќе пее на прозорецот. Пустошењето ќе биде на прагот, зашто ќе ја симне дрвената облога.+ 15  Тоа е оној весел град што живееше без страв,+ кој во своето срце велеше: ‚Јас, и никој друг!‘+ Во каква ужасна глетка се претвори, во почивалиште на дивите животни! Секој што ќе помине покрај него ќе потсвирнува од зачуденост и ќе мавта со раката.“+

Фусноти

Или: „можеби“.
Или: „приморски краишта“.
Или: „капителите“.