Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Софонија 1:1-18

1  Јеховината реч која му дојде на Софонија, синот на Хуси, син на Годолиј, син на Амарија, син на Езекија, во деновите на Јосија,+ синот на Амон,+ царот на Јуда:  „Сѐ ќе истребам од лицето на земјата“, вели Јехова.+  „Ќе ги истребам луѓето и животните.+ Ќе ги истребам птиците небесни и рибите морски,+ и секој камен за спрепнување заедно со злите.+ Ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата“,+ вели Јехова.  „Ќе дигнам рака на Јуда и на сите жители на Ерусалим,+ и ќе го истребам од ова место остатокот на Ваал,+ името на свештениците на туѓите богови заедно со другите свештеници,+  и оние што на покривите ѝ се поклонуваат на небесната војска,+ и оние што се поклонуваат+ и се заколнуваат во Јехова+ и во Малхам,+  и оние што отстапуваат од Јехова,+ кои не го бараат Јехова, ниту го прашуваат за совет.“+  Замолкнете пред Севишниот Господар Јехова!+ Јеховиниот ден е близу,+ зашто Јехова подготви жртва,+ ги повика*+ оние што ги покани.  „Во денот на Јеховината жртва ќе ги казнам кнезовите и царските синови+ и сите што носат туѓинска облека.+  И во тој ден ќе ги казнам сите што се качуваат на возвишено место,* оние што куќата на своите господари ја полнат со насилство и со измама.+ 10  Во тој ден“, вели Јехова, „ќе се дигне викотница од Рибната Порта,+ и горко плачење од новиот дел на градот*+ и силен тресок од ридовите.+ 11  Плачете+ горко, жители на Мактес,* зашто е погубен* сиот трговски народ,+ истребени се сите што мерат сребро. 12  И во тоа време ќе го пребарам Ерусалим со светилки+ и ќе ги казнам луѓето кои се како вино што лежи на својот талог+ и велат во своето срце: ‚Јехова нема да направи ни добро ни лошо‘.+ 13  Нивното богатство ќе биде опљачкано и нивните куќи ќе бидат опустошени.+ Тие ќе градат куќи, но нема да живеат во нив,+ ќе садат лозја, но нема да го пијат нивното вино.+ 14  Близу е+ големиот ден+ на Јехова. Близу е и доаѓа многу брзо.+ Горчлив е гласот на денот на Јехова.+ Тогаш ќе вика јунакот.+ 15  Тој ден е ден на гнев, ден на неволја и мака,+ ден на бура и пустошење, ден на темнина и мрак,+ ден на облаци и густа темнина, 16  ден кога ќе се огласи рогот и ќе се чуе воен вик+ против утврдените градови и против високите аголни кули.+ 17  И ќе пуштам неволја врз луѓето, па ќе одат како слепци,+ зашто му згрешија на Јехова.+ И нивната крв ќе се пролее како прашина,+ и нивната утроба како ѓубре.+ 18  Ни нивното сребро ни нивното злато не ќе може да ги избави во денот на Јеховиниот гнев.+ Огнот на неговата ревност ќе ја проголта целата земја,+ зашто тој со страшно истребување ќе ги истреби сите што живеат на земјата.“+

Фусноти

Буквално: „посвети“.
По сѐ изгледа дека изразот се однесува на повишено подножје на кое стои царскиот престол.
Или: „од вториот градски кварт“.
Изразот очигледно се однесува на оној дел од Ерусалим што е сместен во горниот дел на Средишната (или Тиропеонската) Долина, во близина на Рибната Порта и на новиот дел на градот (вториот кварт).
Буквално: „замолчен“.