Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Римјаните 8:1-39

8  Затоа, за оние што се во единство со Христос Исус нема осуда.+  Зашто, законот+ на тој дух,+ кој дава живот+ во единство со Христос Исус, те ослободи+ од законот на гревот и смртта.+  Всушност, поради тоа што Законот беше немоќен,+ бидејќи беше слаб+ поради телото, Бог, со тоа што го испрати својот Син+ во облик сличен на грешното тело+ за да го отстрани гревот,+ го осуди гревот во телото,  за праведните барања на Законот да се исполнат+ на нас кои не живееме* според телото, туку според духот.+  Зашто, оние што живеат според телото, размислуваат за она што му е својствено на телото,+ а оние што живеат според духот, за она што му е својствено на духот.+  Зашто, размислувањето својствено за телото донесува смрт,+ а размислувањето својствено за духот+ донесува живот и мир.  Зашто, размислувањето својствено за телото донесува непријателство со Бог,+ бидејќи телото не му се покорува на Божјиот закон,+ а и не може.  Затоа оние што живеат според телото,+ не можат да му угодат на Бог.  Но вие не живеете според телото, туку според духот,+ ако Божјиот дух навистина живее во вас.+ Но, ако некој нема Христов дух,+ тој не е Христов. 10  А ако е Христос во единство со вас,+ телото навистина ви е мртво поради гревот, но духот ви донесува живот+ поради праведноста. 11  А ако духот на оној што го подигна Исус од мртвите живее во вас, оној што го подигна Христос Исус од мртвите+ ќе ги оживее и вашите смртни тела+ со својот дух, кој живее во вас. 12  Според тоа, браќа, должници сме, но не на телото за да живееме според телото.+ 13  Зашто, ако живеете според телото, ќе умрете,+ но ако преку духот ги усмртите делата на телото,+ ќе живеете. 14  А сите што се водени од Божјиот дух се синови Божји.+ 15  И вие не примивте дух на ропството, за повторно да се плашите,+ туку примивте дух+ на посинувањето,+ кој нѐ поттикнува да викаме: „Ава,*+ Татко!“ 16  Тој дух+ сведочи+ со нашиот дух+ дека сме деца Божји.+ 17  А ако сме деца, тогаш сме и наследници — наследници Божји, а сонаследници+ Христови, ако страдаме+ заедно со него, заедно со него да бидеме и прославени.+ 18  Затоа, сметам дека страдањата+ на сегашново време не се ништо во споредба со славата+ што ќе се објави врз нас. 19  Зашто, созданието+ желно го исчекува+ објавувањето на Божјите синови.+ 20  Созданието е подложено на ништожност+ — не по своја волја, туку преку оној што го подложи — но притоа е дадена и надеж+ 21  дека и самото создание+ ќе биде ослободено+ од робувањето на распадливоста и дека ќе ја добие славната слобода на Божјите деца. 22  Зашто, знаеме дека целото создание заедно воздивнува и дека е во болка сѐ досега. 23  И не само тоа, туку и ние, кои ја имаме првината,+ имено духот, и ние воздивнуваме+ во себе, желно исчекувајќи го посинувањето,+ ослободувањето од своето тело преку откупнината. 24  Зашто, во таа надеж сме спасени.+ Но надеж која се гледа, не е надеж, зашто кога човек нешто гледа, дали се надева на тоа? 25  Но ако се надеваме+ на она што не го гледаме,+ тоа истрајно го очекуваме.+ 26  Така и духот+ ни доаѓа на помош во нашата слабост.+ Зашто, не знаеме за што да молиме кога треба да се молиме,+ но самиот дух се зазема за нас+ кога во молитва не можеме ни да ги искажеме своите воздишки. 27  А оној што ги истражува срцата+ знае на што укажува духот,+ бидејќи духот, по Божја волја, се зазема за светите.+ 28  А знаеме дека Бог прави сите негови дела+ сложно да придонесуваат за доброто на оние што го сакаат, оние што се повикани според неговата намера.+ 29  Бидејќи оние на кои најпрво им обрна внимание,+ нив и однапред ги одреди+ да бидат обликувани+ според ликот+ на неговиот Син, за тој да биде првородениот+ меѓу многу браќа.+ 30  А оние што однапред ги одреди,+ нив и ги повика;+ оние што ги повика, нив и ги прогласи за праведни;+ а оние што ги прогласи за праведни, нив и ги прослави.+ 31  Тогаш, што да речеме за тоа? Ако Бог е за нас, кој ќе биде против нас?+ 32  Зар тој што не го поштеди ни сопствениот Син,+ туку го предаде за сите нас,+ нема со него да ни подари и сѐ друго?+ 33  Кој ќе ги обвини Божјите избраници?+ Бог е оној што ги прогласува за праведни.+ 34  Кој ќе ги осуди? Христос Исус умре, дури и стана од мртвите, тој е од десната страна на Бог+ — тој и се зазема за нас.+ 35  Кој ќе нѐ одвои од Христовата љубов?+ Дали неволја, или мака, или прогонство, или глад, или голотија, или опасност, или меч?+ 36  Како што е напишано: „Поради тебе постојано нѐ убиваат, нѐ сметаат за овци за колење“.+ 37  Но во сето тоа надмоќно победуваме+ преку оној што нѐ сакаше. 38  Зашто, уверен сум дека ни смртта, ни животот,+ ни ангелите,+ ни властите,+ ни ова што е сега, ни она што ќе дојде, ни силите,+ 39  ни височината, ни длабочината, ниту кое и да е друго создание не може да нѐ одвои од Божјата љубов, која е во Христос Исус, нашиот Господар.+

Фусноти

Буквално: „одиме“.
Види ја фуснотата за Мр 14:36.