Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Римјаните 4:1-25

4  Значи, што да кажеме за Авраам, нашиот прататко+ по тело?  Да беше Авраам прогласен за праведен поради своите дела,+ ќе имаше со што да се фали — но не пред Бог.  Оти, што вели Писмото? „Авраам му поверува на Јехова, а тој го сметаше за праведен поради тоа.“+  А платата на оној што работи+ не му се смета како дар,*+ туку како нешто што му се должи.+  Но човекот кој нема доверба во она што го работи, туку верува+ во оној што го прогласува безбожниот за праведен, тој го смета за праведен поради неговата вера.+  Така и Давид зборува за среќата на човекот кого Бог го смета за праведен независно од неговите дела:  „Среќни се оние чии незаконски дела се простени+ и чии гревови се покриени.+  Среќен е човекот кому Јехова не му го вбројува гревот“.+  Тогаш, дали оваа среќа е само за обрежаните или и за необрежаните?+ Зашто, велиме: „Бог го сметаше Авраам за праведен поради верата“.+ 10  А под какви околности почна да го смета за таков? Кога беше обрежан или кога беше необрежан?+ Не кога беше обрежан, туку кога беше необрежан. 11  И прими знак+ — обрежувањето — како печат на праведноста, која ја стекна поради верата што ја имаше уште додека беше необрежан, за да им биде татко+ на сите што веруваат+ како необрежани, за Бог да ги смета за праведни, 12  и да биде татко на обрежано потомство, не само на оние што се држат за обрежувањето туку и на оние што како необрежани одат по стапките на таа вера, која ја имаше нашиот татко Авраам.+ 13  Зашто, ветувањето+ дека ќе биде наследник на светот не му беше дадено на Авраам или на неговото потомство врз основа на закон, туку врз основа на праведноста што ја стекна поради својата вера.+ 14  Зашто, ако се наследници оние што се држат за законот, верата станала бескорисна и ветувањето е укинато.+ 15  Всушност, Законот донесува гнев Божји,+ но таму каде што нема закон, нема ни престап.+ 16  Значи, ветувањето+ беше дадено поради верата, според незаслужената доброта,+ и му е загарантирано на целото негово потомство,+ не само на она што се држи за Законот туку и на она што се држи за верата на Авраам. (Тој ни е татко+ на сите нас, 17  како што е напишано: „Те поставувам за татко на многу народи“.)+ Тоа беше пред оној во кого тој веруваше, пред Бог, кој ги оживува мртвите+ и зборува за она што не се случило како веќе да се случило.+ 18  Иако немаше причина да се надева, тој имаше надеж,+ па поверува дека ќе стане татко на многу народи,+ како што беше речено: „Толкаво ќе биде твоето потомство“.+ 19  И не му ослаби верата, иако знаеше дека телото веќе му е мртво,+ зашто имаше околу сто години,+ и дека Сарината материца е мртва.+ 20  Но, поради Божјето ветување,+ не се поколеба, ниту изгуби вера,+ туку се зајакна преку својата вера+ и му оддаде слава на Бог, 21  и беше потполно уверен дека тој може да го направи она што го ветил.+ 22  Затоа „тој го сметаше за праведен“.+ 23  Но, дека го „сметаше+ за праведен“ не е напишано само поради него+ 24  туку и поради нас на кои ни е одредено да бидеме сметани за праведни, бидејќи веруваме во оној што го воскресна од мртвите Исус, нашиот Господар,+ 25  кој беше предаден заради нашите престапи+ и беше воскреснат за да бидеме ние прогласени за праведни.+

Фусноти

Или: „незаслужена доброта“.