Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Римјаните 2:1-29

2  Затоа немаш изговор, човеку+ што судиш,+ кој и да си. Зашто, за она за кое му судиш на другиот, ти се осудуваш самиот себе, бидејќи ти што судиш+ го правиш истото.+  А знаеме дека Бог ќе им суди според вистината+ на оние што прават такво нешто.  Но, зарем мислиш, човеку+ кој ги судиш оние што прават такво нешто, а самиот го правиш истото, дека ќе го избегнеш Божјиот суд?+  Или, можеби го презираш богатството на неговата добрина+ и воздржливост+ и долготрпеливост,+ не сфаќајќи дека Божјата добрина сака да те доведе до покајание?*+  Туку со својата тврдокорност+ и непокајничко срце+ си навлекуваш на себе гнев+ за денот на гневот+ и на појавувањето+ на Божјиот праведен суд.+  А Бог ќе му врати секому според неговите дела:+  на оние што со истрајност во добрите дела ја бараат славата и честа и нераспадливоста+ — вечен живот.  А кавгаџиите+ и оние што не ѝ се покорни на вистината,+ а ѝ се покорни на неправдата, ги чека лутина и гнев,+  неволја и мака. Тоа го чека секој човек* што прави зло, најпрво Евреинот,+ а потоа и Гркот.+ 10  А слава и чест и мир го чека секој што прави добро,+ најпрво Евреинот,+ а потоа и Гркот.+ 11  Зашто, кај Бог нема пристрасност.+ 12  Навистина, сите што згрешија немајќи закон, ќе загинат, иако немале закон,+ а сите што згрешија под законот,+ ќе бидат судени според законот.+ 13  Зашто, пред Бог не се праведни оние што само го слушаат законот, туку за праведни ќе бидат прогласени+ оние што го извршуваат законот.+ 14  Зашто, секогаш кога незнабошците,+ кои немаат закон,+ по природа го држат она што е во законот,+ тие самите за себе се закон, иако немаат закон. 15  Тие покажуваат дека она што се наоѓа во законот е запишано во нивните срца,+ а за тоа сведочи и нивната совест,+ па во своите мисли се обвинети+ или, пак, се оправдани. 16  Сето тоа ќе се покаже во денот кога Бог преку Христос Исус ќе му суди+ на она што е скриено+ во луѓето,+ според добрата вест што ја објавувам.+ 17  А ти се нарекуваш себеси Евреин+ и се потпираш на законот+ и се гордееш со Бог+ 18  и ја познаваш неговата волја+ и умееш да го препознаеш она што е највредно, бидејќи си поучен* од Законот,+ 19  и уверен си дека си водач на слепите,+ светлина на оние што се во темнина,+ 20  воспитувач на неразумните,+ учител на деца+ и дека ги имаш основите+ на знаењето и на вистината+ во Законот — 21  зарем ти, кој учиш други, не се учиш самиот себе?+ Зарем ти, кој проповедаш: „Не кради“,+ крадеш?+ 22  Зарем ти, кој велиш: „Не врши прељуба“,+ вршиш прељуба? Зарем ти, кој се гнасиш од идолите, ограбуваш+ храмови? 23  Зарем ти, кој се гордееш со законот, го обесчестуваш Бог со престапување на Законот?+ 24  Зашто, како што е напишано, „поради вас се хули на Божјето име меѓу незнабошците“.+ 25  Имено, обрежувањето+ е од корист само ако го вршиш законот,+ но ако го престапуваш законот, твоето обрежување+ станало необрежување.+ 26  Значи, ако необрежаниот+ се придржува кон праведните барања+ на Законот, нема ли неговото необрежување да се смета за обрежување?+ 27  И оној што по потекло е необрежан, а го извршува Законот, ќе ти суди тебе+ кој, иако имаш пишан закон и обрежување, го престапуваш законот. 28  Зашто, не е вистински Евреин оној што е тоа однадвор,+ ниту е вистинско обрежување она што е однадвор, на телото,+ 29  туку вистински Евреин е оној што е таков однатре+ и неговото обрежување е обрежување на срцето+ по дух, а не по пишан закон.+ Тој не добива пофалба+ од луѓето, туку од Бог.+

Фусноти

Буквално: „промена на умот (на начинот на размислување)“.
Буквално: „секоја човечка душа“.
Буквално: „усно поучен“.