Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Римјаните 16:1-27

16  Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која служи+ во собранието* во Кенхреја:+  примете+ ја во Господарот,* како што им прилега на светите, и помогнете ѝ во сѐ што ќе ѝ затреба од вас,+ зашто и таа им беше заштитничка на мнозина, па и мене.  Поздравете ги Приска и Акила,+ моите соработници+ во Христос Исус,  кои го изложија на опасност+ својот живот поради мене.* Ним сум им благодарен+ не само јас туку и сите собранија од другите народи.  Поздравете го и собранието во нивната куќа.+ Поздравете го мојот сакан Епенет, кој меѓу првите+ во Азија* стана Христов следбеник.*  Поздравете ја Марија, која многу се трудеше за вас.  Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите роднини+ и мои затворски другари,+ кои уживаат углед меѓу апостолите и кои се Христови следбеници подолго од мене.  Поздравете го+ Амплијат, мојот сакан брат во Господарот.  Поздравете го Урбан, нашиот соработник во Христос, и мојот сакан Стахиј. 10  Поздравете го+ Апел, испитаниот во Христос. Поздравете ги домашните на Аристовул. 11  Поздравете го Иродион, мојот роднина.+ Поздравете ги домашните на Нарцис, кои се во Господарот.+ 12  Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се трудат во Господарот. Поздравете ја Персида, нашата сакана сестра, зашто многу се трудеше во Господарот. 13  Поздравете го Руф, избраникот во Господарот, и неговата и моја мајка. 14  Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Хермес, Патров, Ерма и браќата што се со нив. 15  Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреј и неговата сестра, и Олимп и сите свети што се со нив.+ 16  Поздравете се еден со друг со свет бакнеж.+ Ве поздравуваат сите Христови собранија. 17  Ве молам, браќа, бидете претпазливи поради оние што создаваат поделби+ и ги наведуваат другите да се спрепнуваат во верата, спротивно на учењето+ за кое сте поучени, и избегнувајте ги!+ 18  Зашто, таквите не му робуваат на нашиот Господар Христос, туку на желбите на своето тело,*+ па со слатки+ и ласкави зборови+ ги заведуваат срцата на простодушните. 19  Вистина, за вашата послушност дознаа сите.+ Затоа се радувам поради вас. Но сакам да бидете мудри+ во поглед на она што е добро, а невини+ во поглед на она што е зло.+ 20  А Бог, кој дава мир,+ наскоро ќе го сотре Сатана+ под вашите нозе. Незаслужената доброта на нашиот Господар Исус нека биде со вас!+ 21  Ве поздравуваат Тимотеј, мојот соработник, и Луциј и Јасон и Сосипатер, моите роднини.+ 22  Ве поздравувам во Господарот јас, Терциј, кој го напиша ова писмо. 23  Ве поздравува Гај,+ кој ми беше домаќин мене и на целото собрание. Ве поздравуваат Ераст, градскиот+ благајник, и Кварт, неговиот брат. 24  * —— 25  А на Бог+ — кој може да ве зацврсти според добрата вест што ја објавувам и според проповедањето за Исус Христос, според откривањето на светата тајна+ која долго време беше скриена, 26  а сега се објави+ и се прогласи преку пророчките Писма меѓу сите народи, според заповедта на вечниот Бог, за да стекнат вера и да му бидат послушни+ 27  нему, единствениот мудар,+ нека му биде славата+ преку Исус Христос+ во сета вечност! Амин.

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Види го додатокот 11.
Буквално: „кои поради мојата душа го подметнаа својот врат“.
Види ја фуснотата за Де 2:9.
Буквално: „првината на Азија за Христос“.
Буквално: „туку на својот мев“.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.