Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Римјаните 14:1-23

14  Примете го оној што е незрел+ во верата, но не за да ги проценувате недоумиците што се јавуваат во мислите.+  Некој верува дека смее да јаде сѐ,+ а оној што е незрел јаде само зеленчук.  Оној што јаде, нека не го презира оној што не јаде,+ а тој што не јаде, нека не го осудува оној што јаде, зашто Бог го примил.  Кој си ти да го осудуваш туѓиот слуга?+ Неговиот господар одлучува дали тој ќе стои или ќе падне.+ А ќе стои, зашто Јехова може да го поддржи.+  Некој смета дека едниот ден е поважен од другиот,+ а друг смета дека сите денови се исти.+ Секој нека биде сосема уверен во своето мислење.  Кој мисли дека некој ден е посебен, така мисли поради Јехова. И кој јаде, јаде поради Јехова,+ зашто му благодари на Бог,+ а кој не јаде, не јаде поради Јехова,+ и исто така му благодари на Бог.+  Зашто, никој од нас не живее само за себе+ и никој не умира само за себе.  Зашто, ако живееме, живееме за Јехова,+ и ако умираме, умираме за Јехова.+ Според тоа, било да живееме било да умираме, на Јехова му припаѓаме.+  Всушност, Христос затоа умре и оживеа,+ за да им биде Господар и на мртвите+ и на живите.+ 10  А ти, зошто го осудуваш својот брат?+ Или, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Божјата судиска столица.+ 11  Зашто, напишано е: „,Како што сум жив јас,‘ вели Јехова,+ ‚секое колено ќе се свитка пред мене и секој јазик јавно ќе го признае Бог‘ “.+ 12  Според тоа, секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог.+ 13  Затоа повеќе да не се осудуваме+ еден со друг, туку подобро решете+ да не ставате пред братот+ нешто поради кое би можел да се спрепне+ или да се сопне. 14  Знам и уверен сум во Господарот Исус дека ништо не е нечисто само по себе.+ Освен ако некој смета нешто за нечисто, нему тоа му е нечисто.+ 15  А ако твојот брат е нажален поради храна, ти повеќе не постапуваш* според љубовта.+ Немој со својата храна да го упропастуваш оној за кого Христос умрел!+ 16  Затоа, не дозволувајте да се зборува лошо за вашите добри дела. 17  Зашто, царството Божје+ не е јадење и пиење,+ туку праведност+ и мир+ и радост+ преку светиот дух. 18  Зашто, оној што така му робува на Христос, прифатлив е за Бог и го ценат луѓето.+ 19  Затоа, да се стремиме кон она што придонесува за мир+ и меѓусебно да се изградуваме.+ 20  Не уривајте го Божјето дело поради јадење!+ Вистина, сѐ е чисто, но штетно е ако некој јаде и со тоа предизвикува спрепнување.+ 21  Добро е да не се јаде месо и да не се пие вино и да не се прави ништо од кое твојот брат би можел да се спрепне.+ 22  Уверувањето што го имаш, задржи го за себе пред Бог.+ Среќен е оној што не се осудува самиот себе поради она што одлучил да го направи. 23  Но, ако се сомнева, веќе е осуден ако јаде,+ бидејќи не јаде од уверување. А сѐ што не е од уверување, грев е.+

Фусноти

Буквално: „одиш“.