Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Римјаните 11:1-36

11  Затоа прашувам: зарем Бог го отфрли својот народ?+ Никако! Зашто, и јас сум Израелец,+ од потомството на Авраам, од племето на Венијамин.+  Бог не го отфрли својот народ, кому прво му посвети внимание.+ Или зар не знаете што вели Писмото за Илија, како му се жалеше на Бог од Израел?+  „Јехова, ги убија твоите пророци, ги раскопаа твоите жртвеници. Останав само јас, а и мојата душа ја бараат.“+  Но што му рече Бог?+ „Си оставив седум илјади луѓе, кои не го свиткаа коленото пред Ваал.“+  Според тоа, така и во сегашно време се појави остаток+ избран+ со незаслужена доброта.  А ако тоа се случило со незаслужена доброта,+ тогаш тоа не е повеќе преку дела,+ инаку незаслужената доброта повеќе не е незаслужена.+  Тогаш, што да речеме? Израел не го доби она што горливо го бара,+ но избраните+ го добија. А на останатите им отврдна срцето,+  како што е напишано: „Бог им даде дух на длабок сон,+ очи за да не видат и уши за да не чујат, сѐ до денешен ден“.+  И Давид вели: „Нивната трпеза* нека им стане стапица, и замка, и камен за спрепнување, и плата!+ 10  Очите нека им потемнат, за да не гледаат, и секогаш виткај им ги плеќите!“+ 11  Затоа прашувам: дали се спрепнаа и паднаа?+ Никако! Туку, поради нивниот погрешен чекор+ доаѓа спасение за луѓето од другите народи,*+ за да се предизвика љубомората на народот на Израел.+ 12  А ако нивниот погрешен чекор е богатство за светот и ако нивното намалување е богатство за луѓето од другите народи,+ колку повеќе ќе биде нивниот целосен број!+ 13  А сега ви зборувам вам кои сте од другите народи. Поради тоа што сум апостол+ испратен кај другите народи,+ ја величам+ својата служба+ 14  за да можам некако да ја предизвикам љубомората на оние што се мое тело и да спасам+ некои од нив.+ 15  Зашто, ако нивното отфрлање+ е помирување+ за светот, што ли ќе биде тогаш нивното прифаќање, ако не премин од смрт во живот? 16  Ако првините од тестото+ се свети, свето е и целото тесто. И ако коренот е свет,+ свети се и гранките. 17  Но, ако некои гранки се откршени, а ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу преостанатите,+ па имаш удел во благословите што ги дава коренот на маслинката,+ 18  немој да се вознесуваш над гранките. А ако се вознесуваш над нив,+ сети се: не го носиш ти коренот,+ туку коренот тебе.+ 19  Тогаш ќе речеш: „Гранките се откршени+ за јас да бидам накалемен“.+ 20  Добро! Тие се откршени бидејќи немаа вера,+ а ти стоиш поради верата.+ Престани да мислиш високо за себе,+ туку плаши се!+ 21  Зашто, ако Бог не ги поштеди природните гранки, нема да те поштеди ни тебе.+ 22  Затоа, погледни ја Божјата добрина+ и строгост+ — строгост кон оние што паднаа,+ а Божја добрина кон тебе, доколку останеш+ во неговата добрина. Во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен.+ 23  А и тие, ако не истраат во своето неверување, ќе бидат накалемени,+ оти Бог може повторно да ги накалеми. 24  Зашто, ако си ти отсечен од маслинка која по својата природа е дива и, спротивно на природата, си накалемен+ на питома маслинка, колку полесно ќе бидат накалемени на сопствената маслинка овие што се природни гранки!+ 25  Не сакам, браќа, да бидете во незнаење во поглед на светата тајна,+ за да не се сметате самите себе за разборити: на некои од Израел им отврдна срцето+ додека не влезат целосниот број+ луѓе од другите народи.*+ 26  И така ќе биде спасен целиот Израел.+ Како што е напишано: „Избавителот ќе дојде од Сион+ и ќе ги одврати безбожните дела од Јаков.+ 27  И ова е сојузот што ќе го склучам со нив,+ кога ќе ги отстранам нивните гревови“.+ 28  Вистина, во поглед на добрата вест, тие се непријатели, за ваше добро,+ но во поглед на Божјиот избор, тие се сакани поради своите прататковци.+ 29  А Бог нема да зажали+ поради своите дарови и позив. 30  Зашто, како што вие некогаш му бевте непослушни+ на Бог, па сега ви е покажано милосрдие+ поради нивната непослушност,+ 31  така и тие сега се непослушни, па затоа вам ви е покажано милосрдие,+ за и ним сега да им биде покажано милосрдие. 32  Зашто, Бог ги затвори сите луѓе во непослушност,+ за да им покаже милосрдие на сите.+ 33  О длабочино на Божјето богатство,+ мудрост+ и знаење!+ Колку се неистражливи неговите судови+ и несфатливи неговите патишта! 34  Зашто, „кој го запознал Јеховиниот ум,+ и кој му е советник“?+ 35  Или: „Кој прв му дал нешто, па тој да треба да му возврати?“+ 36  Зашто, сѐ е од него и преку него и за него.+ Нему нека му е славата во сета вечност!+ Амин.

Фусноти

Односно маса за жртви. Или: „гозба“.
Или: „за незнабошците“.
Или: „незнабошците“.