Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 97:1-12

97  Јехова стана цар!+ Нека се весели земјата!+ Нека се радуваат многубројните острови!*+   Го обвиткуваат облаци и густа темнина.+ Праведноста и правдата се темелот на неговиот престол.+   Пред него оди оган+ и ги проголтува неговите противници наоколу.+   Неговите молњи го осветлија копното.*+ Земјата го виде тоа и ја обзеде тешка болка.+   Планините се растопуваат како восок пред Јехова,+ пред Господарот на целата земја.+   Небесата ја објавуваат неговата праведност,+ сите народи ја гледаат неговата слава.+   Нека се засрамат сите што им служат на режани ликови,+ оние што се гордеат со безвредни богови.+ Поклонете му се нему, сите богови!+   Сион слушна и се израдува,+ се развеселија Јудините села+ поради твоите закони, Јехова.+   Зашто ти си, о Јехова, Севишниот над целата земја.+ Многу високо се издигна — над сите други богови.+ 10  Вие кои го сакате Јехова,+ мразете го злото!+ Тој ги чува душите на оние што му се лојални,+ од раката на злите тој ги избавува.+ 11  Светлина засвети за праведникот+ и радост за оние што имаат справедливо срце.+ 12  Радувајте му се на Јехова, праведници,+ и фалете го неговото свето име!*+

Фусноти

Или: „приморски краишта“.
Буквално: „плодното тло“.
Буквално: „спомен“.