Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 95:1-11

95  Дојдете, да му пееме радосно на Јехова!+ Да ѝ пееме победнички на Карпата на нашето спасение!+   Да дојдеме пред неговото лице со благодарности,+ со победнички песни да воскликнуваме пред него!+   Зашто, Јехова е голем Бог+ и голем Цар над сите други богови.+   Во неговата рака се најскриените длабочини на земјата,+ нему му припаѓаат планинските врвови,+   нему му припаѓа морето, кое го создаде,+ неговите раце го обликуваа копното.+   О, дојдете, да паднеме ничкум* и да му се поклониме!+ Да клекнеме+ пред Јехова, својот Творец!+   Зашто, тој е нашиот Бог, а ние сме народот на неговото пасиште и овците кои ги чува неговата рака.+ Ако денес го слушнете неговиот глас,+   немојте да ги стврднувате срцата како кај Мерива,+ како во денот на Маса во пустината,+   кога вашите татковци ме искушуваа.+ Ме испитуваа, а ги видоа моите дела.+ 10  Четириесет години ми се гадеше од тоа поколение,+ и реков: „Тие се народ со непостојано срце+ и не ги познаваат моите патишта“.+ 11  За нив се заколнав во својот гнев:+ „Нема да влезат во моето почивалиште“.+

Фусноти

Или: „да покажеме почит; да извршиме чин на обожавање пред Бог“.