Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 94:1-23

94  О Јехова, Боже одмазднику,+ Боже одмазднику, блесни!+   Стани, Судијо на целата земја!+ Плати им на вообразените+ според нивната заслуга!   До кога ќе ликуваат злите, о Јехова,+ до кога ќе ликуваат злите?+   Тие блујат зборови, зборуваат необуздано,+ сите злосторници се фалат.+   Го газат твојот народ, Јехова,+ го угнетуваат твоето наследство.+   Ги убиваат вдовицата и дојденецот,+ им го одземаат животот на децата без татко.+   Велат: „Јах не гледа,+ Богот на Јаков не го забележува тоа“.+   Сфатете, неразумни луѓе!+ И вие безумни, кога ќе станете разборити?+   Зар не може да чуе оној што го направил увото?+ Зар не може да види оној што го обликувал окото?+ 10  Зар не може да укорува оној што ги исправа народите,+ оној што ги учи луѓето да стекнат знаење?+ 11  Јехова ги знае мислите на луѓето, знае дека се како здив.+ 12  Среќен е човекот кого ти, о Јах, го исправаш+ и кого го поучуваш за својот закон+ 13  за да му дадеш мир од деновите на несреќа,+ додека не се ископа јама за злиот.+ 14  Зашто, Јехова нема да го остави својот народ+ и нема да го напушти своето наследство.+ 15  Бидејќи, пак ќе биде праведна пресудата+ и сите што имаат непорочно срце ќе тргнат по него. 16  Кој ќе се крене за мене против злосторниците?+ Кој ќе се заземе за мене против оние што прават зло?+ 17  Да не ми помагаше Јехова,+ мојата душа за миг ќе починеше таму каде што владее тишината.+ 18  Кога реков: „Ногата ќе ми се слизне“,+ твојата милост,* Јехова, ме поткрепи.+ 19  Кога во мене се намножија немирни мисли,+ утехите од тебе ми ја милуваа душата.+ 20  Ќе се здружи ли со тебе престолот што нанесува неволји+ додека создава проблеми со помош на законот?+ 21  Остро ја напаѓаат душата на праведникот+ и осудуваат невина крв.+ 22  Но Јехова ќе ми биде сигурна тврдина на високо место,+ мојот Бог ќе биде карпата на моето прибежиште.+ 23  Тој ќе го сврти нивното зло против нив+ и ќе ги истреби* со нивната сопствена неволја.+ Јехова, нашиот Бог, ќе ги истреби.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „замолчи“.