Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 92:1-15

Песна, псалм, за денот за одмор.* 92  Добро е да ти се изразува благодарност тебе, Јехова,+ и со песна да се фали твоето име, о Севишен,+   наутро да се зборува за твојата милост*+ и ноќе за твојата верност,+   со инструмент со десет жици и со псалтир,+ со музика што се разлева од харфа.+   Зашто, ти ме веселиш, Јехова, со своите дела, поради делата на твоите раце радосно воскликнувам.+   Колку се големи твоите дела, о Јехова!+ Твоите мисли се многу длабоки.+   Човек неразумен не може да ги сфати,+ безумник не може да го разбере тоа.+   Кога злите никнуваат како трева+ и цветаат сите што прават зло, тоа е за да бидат истребени засекогаш.+   А ти, о Јехова, си на висина довека.+   Зашто, твоите непријатели, Јехова,+ твоите непријатели ќе изгинат,+ сите злосторници ќе бидат распрснати.+ 10  А ти ќе го возвишиш мојот рог да биде како рогот на дивиот бик.+ Ќе се намачкам со свежо масло.+ 11  И моето око ќе ликува над моите непријатели,+ моите уши ќе слушаат за поразот на злосторниците кои станаа против мене. 12  Праведникот ќе процвета како палма,+ ќе израсне како кедар на Ливан.+ 13  Оние што се посадени во домот на Јехова,+ во дворовите на нашиот Бог,+ ќе процветаат. 14  Ќе цветаат и кога косата ќе им побели,+ јадри и свежи ќе останат+ 15  за да кажуваат дека Јехова е праведен.+ Тој е мојата Карпа,+ во него нема неправда.+

Фусноти

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.