Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 91:1-16

91  Кој живее во тајното засолниште+ на Севишниот,+ ќе престојува во сенката на Семоќниот.+   Ќе му речам на Јехова: „Ти си моето засолниште и мојата тврдина,+ мојот Бог, во кого ќе имам доверба“.+   Зашто, тој ќе те избави од замката на птичарот,+ од поморот што донесува несреќа.+   Со своите перја ќе те покрие+ и под неговите крилја ќе најдеш засолниште.+ Неговата вистинољубивост+ ќе биде како голем штит+ и како бедем.   Нема да се плашиш од никаква стравотија ноќе,+ ниту од стрелата+ што лета дење,   ниту од чумата што во мракот оди,+ ниту од уништувањето што ограбува напладне.+   Покрај тебе ќе паднат илјада и десно од тебе десет илјади, но такво нешто нема да се приближи до тебе.+   Само ќе гледаш со очите,+ и ќе ја видиш платата на злите,+   затоа што рече: „Јехова е моето прибежиште“,+ и Севишниот ти стана живеалиште.+ 10  Нема да те снајде никакво зло,+ помор нема да му се приближи на твојот шатор.+ 11  Зашто, на своите ангели тој ќе им заповеда за тебе+ да те чуваат на сите твои патишта.+ 12  Тие ќе те носат на раце+ за да не удриш со ногата во камен.+ 13  Ќе згазнеш на млад лав и на кобра,+ ќе газиш по граблив млад лав и по голема змија.+ 14  „Затоа што ми е приврзан,+ ќе го избавам,+ ќе го заштитам, бидејќи го познава моето име.+ 15  Тој ќе ме повика, и јас ќе го услишам.+ Со него ќе бидам во неволја,+ ќе го избавам и ќе го прославам.+ 16  Ќе го наситам со многу денови+ и ќе му го покажам моето спасение.“+

Фусноти