Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 90:1-17

Молитва на Мојсеј, човекот Божји.+ 90  Јехова, ти си нашето живеалиште+ од поколение во поколение.+   Пред да се родат планините,+ пред да ги создадеш земјата+ и копното,*+ од век до век, ти си Бог!+   Смртниот човек го враќаш во прав+ и велиш: „Вратете се таму, синови човечки!“+   Зашто, илјада години се во твои очи како вчерашен ден кога ќе помине+ и како ноќна стража.+   Ти ги однесуваш,+ тие се како сон,+ наутро се како зелена трева што никнува+   наутро цвета и никнува,+ навечер венее и се суши.+   Зашто, ние исчезнуваме од твојот гнев,+ збркани сме од твојата јарост.+   Нашите престапи ги стави пред себе,+ нашите скриени* гревови пред своето светло лице.+   Зашто, поради твојот гнев, сите наши денови се приближија кон својот крај,+ нашите години прелетаа како воздишка.+ 10  Деновите наши траат седумдесет години,+ а кај силните — осумдесет,+ но исполнети се само со неволји и тешкотии,+ зашто брзо поминуваат, и ние одлетуваме.+ 11  Кој ја познава силата на твојата лутина+ и твојот гнев за да има доволно страв од тебе?+ 12  Научи нѐ како да ги броиме нашите денови+ за да стекнеме мудро срце!+ 13  Врати се, Јехова!+ До кога ќе биде вака?+ Сожали се на своите слуги!+ 14  Насити нѐ наутро со својата милост*+ за да извикуваме радосно и да се веселиме во сите свои денови!+ 15  Зарадувај нѐ за сите оние денови во кои ни нанесуваше неволја,+ за сите оние години во кои гледавме зло!+ 16  Твоето дело нека им се покаже на твоите слуги+ и твојата величественост — на нивните синови!+ 17  Добротата* на Јехова, нашиот Бог, нека биде врз нас.+ Дај му успех на делото на нашите раце,+ на делото на нашите раце дај му успех!+

Фусноти

Буквално: „да ги родиш (...) со породилни болки“.
Или: „гревови за кои не сме свесни“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „Убавината“.