Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 9:1-20

На управителот, за мут-лабен.* Давидова песна. א [алеф] * 9  Ќе те фалам, о Јехова, со сето свое срце,+ ќе ги објавувам сите твои дела чудесни.+   Ќе се веселам и ќе ти се радувам тебе,+ со песна ќе го фалам твоето име, о Севишен.+ ב [бет]   Кога ќе отстапат моите непријатели,+ пред тебе ќе се спрепнат и ќе изгинат.+   Зашто, ти ја поддржа мојата правда и мојата парница,+ седна на престолот и судеше праведно.+ ג [гимел]   Ги прекори народите,+ го уништи злиот.+ Го избриша нивното име за сите векови — засекогаш.+   Твоите непријатели се опустошени засекогаш,+ а и градовите што од корен ги откорна.+ Ќе исчезне и споменот за нив.+ ה [хеј]   Но Јехова ќе седи на престолот довека,+ ќе го постави својот престол за суд.+   Тој ќе му суди на светот* по правда,+ во праведност ќе ги изведе народите на суд.+ ו [вав]   Јехова ќе биде за угнетениот сигурна тврдина на високо место,+ сигурна тврдина на високо место во време на неволја.+ 10  Оние што го знаат твоето име ќе имаат доверба во тебе,+ зашто ти нема да ги оставиш оние што те бараат тебе, Јехова.+ ז [заин] 11  Со песна фалете го Јехова, кој живее на Сион,+ кажувајте меѓу народите за неговите дела!+ 12  Зашто, кога ќе суди за пролеаната крв,+ ќе се сети на оние што се во неволја,+ нема да го заборави нивниот лелек.+ ח [хет] 13  Смилувај ми се, о Јехова, погледни во каква неволја сум поради оние што ме мразат,+ ти кој ме подигаш од портите на смртта,+ 14  за да ги објавувам сите твои дела достојни за фалба,+ на портите+ на сионската ќерка,+ за да се радувам на спасението од тебе.+ ט [тет] 15  Народите паднаа во јамата што самите ја ископаа,+ ногата им се фати+ во мрежата+ која скришум ја наместија. 16  Јехова е познат по пресудата што ја изврши.+ Злите се фатени во замка со делото на своите раце.+ Хигајон.* (Села) י [јуд] 17  Злите+ луѓе ќе отидат во гробот,*+ а и сите народи што го забораваат Бог.+ 18  Зашто, сиромавиот нема да биде заборавен засекогаш,+ и надежта на кротките никогаш нема да пропадне.+ כ [каф] 19  Стани, о Јехова! Не дозволувај смртниот човек да се покаже помоќен.+ Нека бидат судени народите пред твоето лице!+ 20  Втерај им страв, о Јехова,+ за да сознаат народите дека се само смртници.+ (Села)

Фусноти

„Мут-лабен“ — хебрејски израз чие точно значење не е познато; некои го преведуваат со изразот: „за смртта на синот“.
Во изворниот текст, овој псалм е напишан во азбучен акростих, односно неговите стихови почнуваат со хебрејските букви по азбучен ред (иако некои букви недостасуваат). Буквите и нивните називи се напишани пред стиховите што почнуваат со нив. Акростихот продолжува во 10. псалм.
Буквално: „плодното тло“.
„Хигајон“ — хебрејски музички израз чие точно значење не е познато.
Буквално: „шеолот“.