Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 89:1-52

Маскил.* Псалм од Етан Езраховецот.+ 89  За Јеховината милост* ќе пеам довека.+ Твојата верност ќе ја објавувам со својата уста низ сите поколенија.+   Зашто реков: „Милоста, како цврста градба, ќе стои довека.+ На небесата ја утврди својата верност“.+   „Склучив сојуз со својот избраник,+ му се заколнав на Давид, својот слуга:+   ‚Ќе го утврдам твоето потомство за навек+ и ќе го изѕидам твојот престол+ за сите поколенија‘.“ (Села)   О Јехова, небесата ќе го фалат твоето чудесно дело+ и твојата верност, на собирот на светите.   Зашто, кој на небото може да се спореди со Јехова?+ Кој од Божјите синови* му е сличен на Јехова?+   Светите, со кои Бог е близок, треба да имаат страхопочит кон него.+ Тој е величествен и им влева страв на сите што се околу него.+   О Јехова, Боже над војските,+ кој е силен како тебе, Јах?+ Ти си верен во сѐ.+   Ти владееш со плимата на морето.+ Кога морето ги подига своите бранови, ти ги смируваш.+ 10  Ти го здроби Раав,+ како човек што е смртно ранет.+ Со својата силна рака ги распрсна своите непријатели.+ 11  Твое е небото+ и твоја е земјата,+ ти ја втемели+ почвата* и сѐ што е на неа.+ 12  Ти ги создаде северот и југот,+ Тавор+ и Хермон+ извикуваат радосно, фалејќи го твоето име.+ 13  Мишката ти е силна,+ раката ти е цврста,+ а десницата ти е подигната.+ 14  Праведноста и правдата се темелот на твојот престол,+ милоста и вистинољубивоста чекорат пред твоето лице.+ 15  Среќен е народот кој знае радосно да воскликнува.+ О Јехова, тие одат во светлината на твоето лице!+ 16  Поради твоето име се веселат по цел ден+ и твојата праведност ги возвишува.+ 17  Зашто, ти си убавината на нивната сила,+ со твојата милост нашиот рог се издигнува победнички.+ 18  Зашто, нашиот штит е од Јехова+ и нашиот цар е од Светецот на Израел.+ 19  Тогаш ти им прозборе во видение на своите лојални слуги+ и рече: „Му помогнав на јунакот,+ го возвишив избраникот од народот.+ 20  Го најдов Давид, својот слуга,+ со своето свето масло го помазав.+ 21  Мојата силна рака  ќе биде со него,+ мојата мишка ќе го зајакне.+ 22  Никаков непријател нема да му наметнува данок,+ синот на неправдата нема да го угнетува.+ 23  Пред него ги здробив неговите противници,+ им нанесував удари на оние што многу го мразат.+ 24  Мојата верност и мојата милост се со него,+ заради моето име се издигнува победнички неговиот рог.+ 25  На морето ја ставив неговата рака,+ на реките — неговата десница.+ 26  Тој ми вели: ‚Ти си мојот Татко,+ мојот Бог+ и Карпата на моето спасение‘.+ 27  А јас ќе го направам првороден,+ највисок меѓу царевите на земјата.+ 28  Довека ќе ја зачувам својата милост кон него,+ и сојузот што го склучив со него никогаш нема да биде раскинат.+ 29  И неговото потомство ќе го поставам да стои довека+ и престолот негов да трае како деновите на небото.+ 30  Ако моите синови го остават мојот закон+ и ако не живеат* според моите законски одлуки,+ 31  ако ги осквернат моите одредби и ако не ги држат моите заповеди, 32  ќе морам со стап да го казнам нивниот престап+ и со удари нивната вина.+ 33  Но нема да му ја скратам мојата милост,+ и нема да ја погазам својата верност.+ 34  Нема да го осквернам својот сојуз,+ зборот од своите усни нема да го променам.+ 35  Еднаш се заколнав во својата светост,+ нема да го лажам Давид.+ 36  Неговото потомство ќе биде вечно+ и неговиот престол — како сонцето пред мене.+ 37  Ќе стои цврсто довека како месечината, како верен сведок на небото“. (Села) 38  А ти го отфрли и го презираш,+ се разгневи на својот помазаник.+ 39  Го презре сојузот со својот слуга, ја оскверни неговата круна,*+ фрлајќи ја на земја. 40  Ги разурна сите негови камени трла,+ ги претвори во урнатини неговите тврдини.+ 41  Го ограбуваат сите што поминуваат по патот,+ тој им стана за потсмев на своите соседи.+ 42  Ја подигна десницата на неговите противници,+ ги развесели сите негови непријатели.+ 43  А мечот негов пак го сметаш за непријател+ и не му даваш да напредува во бојот.+ 44  Му стави крај на неговиот сјај+ и го собори на земја неговиот престол.+ 45  Му ги скрати деновите на младоста, го обви со срам.+ (Села) 46  До кога ќе се криеш, Јехова? Зар засекогаш?+ Зар твојата јарост ќе гори како оган?+ 47  Сети се колкав е мојот животен век.+ Зар залудно ги создаде сите човечки синови?+ 48  Кој жив човек нема да види смрт?+ Може ли да си ја избави душата од раката на гробот?*+ (Села) 49  Каде се твоите поранешни дела на милост, Јехова, за кои им се заколна на Давид во својата верност?+ 50  Сети се, Јехова, на срамот на своите слуги,+ дека во пазуви го носам срамот на многуте народи.+ 51  Сети се како твоите непријатели се подбиваа, о Јехова,+ како ги исмеваа чекорите на твојот помазаник.+ 52  Благословен да е Јехова довека! Амин! Амин!*+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Или: „лојална љубов“. Во врска со изразот „милост“ во стиховите 1, 2, 14, 24, 28, 33, и 49, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „ангели“.
Буквално: „плодното тло“.
Буквално: „одат“.
Или: „дијадема“.
Буквално: „шеолот“.
Види ја фуснотата за Пс 41:13.