Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 88:1-18

Песна, псалм од синовите на Кореј. На управителот, за махалат,* за одговарање. Маскил* од Еман+ Езраховецот. 88  О Јехова, Боже на моето спасение,+ дење викам,+ а и ноќе викам за помош пред тебе.+   Пред тебе ќе дојде мојата молитва.+ Приклони го увото кон моето молење!+   Зашто, мојата душа е сита од неволји+ и мојот живот допре до гробот.*+   Ме вбројуваат меѓу оние што заминуваат во јамата.+ Станав како човек што останал без сила,+   ослободен како мртвите,+ сличен на убиените што лежат во гробот,+ на кои повеќе не се сеќаваш и кои се отсечени од твојата рака која помага.+   Ме стави во најдлабоката јама, на места мрачни, во бездна голема.+   Врз мене го излеваш својот гнев+ и со сите свои бранови бесни ми нанесуваш неволја.+ (Села)   Ги оддалечи моите познајници од мене,+ ме направи одвратен за нив.+ Затворен сум и не можам да излезам.+   Окото ми гасне од мојата неволја.+ О Јехова, те повикувам по цел ден,+ кон тебе ги ширам рацете во молитва.+ 10  Зар за мртвите ќе правиш чуда?+ Зар беспомошните мртовци ќе станат,+ зар тие ќе те фалат?+ (Села) 11  Зар во гробот ќе се зборува за твојата милост,* и во местото на распаѓањето — за твојата верност?+ 12  Зар во темнината+ ќе се објавуваат твоите чуда, и во земјата на заборавот+ — твојата праведност? 13  Сепак јас викам кон тебе за помош, Јехова,+ мојата молитва доаѓа наутро пред тебе.+ 14  О Јехова, зошто ја отфрлаш мојата душа?+ Зошто го криеш лицето од мене?+ 15  Во неволја сум и смртта ми се заканува уште од дете,+ многу стравотии поднесувам од тебе.+ 16  Пламењата на твојот разгорен гнев поминуваат преку мене,+ твоите стравотии ме столчија.*+ 17  По цел ден ме опкружуваат како води,+ и сите ме напаѓаат одеднаш. 18  Ги оддалечи од мене пријателот и другарот,+ мрачните места ми станаа познајници.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 53, наслов.
Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Буквално: „шеолот“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „ме замолчија“.