Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 85:1-13

На управителот. Псалм од синовите на Кореј. Песна. 85  Ти омиле, Јехова, твојата земја,+ го врати заробениот народ на Јаков.+   Му го прости престапот на својот народ,+ ги покри сите нивни гревови.+ (Села)   Го воздржа сиот свој гнев,+ се одврати од својата жестока лутина.+   Врати нѐ на она што го имавме порано, Боже на нашето спасение,+ и одврати ја од нас својата лутина!+   Зар довека ќе се гневиш на нас?+ Зар ќе ја пренесуваш својата лутина од поколение на поколение?+   Зар нема да нѐ оживееш повторно,+ за да се радува твојот народ поради тебе?+   О Јехова, покажи ја својата милост*+ кон нас, и дај ни го своето спасение!+   Ќе слушам што ќе ми рече вистинскиот Бог Јехова,+ зашто тој ќе им зборува за мир на својот народ+ и на своите лојални слуги, но нека не се надеваат повторно на себе.+   Навистина неговото спасение е близу до оние што се бојат од него,+ за да престојува славата во нашата земја.+ 10  Милоста* и вистинољубивоста ќе се сретнат,+ праведноста и мирот ќе се бакнат.+ 11  Вистинољубивоста ќе никне од земјата+ и праведноста ќе гледа од небото.+ 12  А Јехова ќе го даде она што е добро,+ и нашата земја ќе го даде својот род.+ 13  Пред него ќе оди праведноста+ и ќе разгази пат со помош на неговите чекори.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „Лојалната љубов“.