Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 84:1-12

На управителот, за гитит.*+ Псалм од синовите на Кореј. Песна. 84  Колку е прекрасно твоето величествено живеалиште,+ Јехова над војските!+   Душава ми копнее и венее по Јеховините дворови.+ Моето срце и тело му воскликнуваат радосно на живиот Бог.+   И птицата си наоѓа дом и ластовичката гнездо каде што ги лежи своите пилиња близу до твојот величествен жртвеник, Јехова над војските, Царе мој и Боже мој!   Среќни се оние што живеат во твојот дом!+ Тие те фалат без престан.+ (Села)   Среќни се луѓето што добиваат сила од тебе,+ чиешто срце копнее да оди по патиштата што водат во твојот дом.+   Поминувајќи низ сувата долина во која растат грмушките бака,*+ ја претвораат во извор. Учителот+ се облекува со благослови.   Додека одат, силата им се обновува,+ секој доаѓа пред Бог на Сион.+   О Јехова, Боже над војските, чуј ја мојата молитва!+ Приклони го увото, Боже Јаковов!+ (Села)   Види, Боже, штиту наш,+ и погледни го лицето на својот помазаник!+ 10  Зашто, еден ден во твоите дворови е подобар отколку илјада денови на друго место.+ Повеќе сакам да стојам на прагот од домот на својот Бог+ отколку да живеам во шаторите на злите.+ 11  Зашто, Јехова Бог е сонце+ и штит,+ тој покажува милост и укажува чест.+ Јехова нема да им скрати никакво добро на оние што живеат* непорочно.*+ 12  О Јехова над војските, среќен е човекот што има доверба во тебе!+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 8, наслов.
Види ја фуснотата за 2Са 5:23.
Буквално: „одат“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.