Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 83:1-18

Псалм. Асафова песна.+ 83  Боже, не молчи,+ не биди нем и не мирувај, Боже!+   Зашто, еве, твоите непријатели се во безредие,+ подигнале глава+ оние што многу те мразат.   Против твојот народ лукаво склучуваат таен договор,+ против оние што си ги скрил+ коваат завера.   Велат: „Дојдете, да ги истребиме, за да не бидат повеќе народ,+ за да не се спомнува повеќе името Израел“.+   Зашто, со сето срце сложно се советуваат,+ дури склучија и сојуз против тебе+   шаторите на Едом+ и Исмаелците, Моав+ и Агарјаните,+   Гевал и Амон+ и Амалик, Филистеја+ и жителите на Тир.+   И Асирија се здружила со нив,+ им подала рака на синовите на Лот.*+ (Села)   Направи им го истото што им го направи и на Мадијам,+ на Сисара+ и на Јавин+ во долината* на Кисон.+ 10  Беа истребени кај Ен-Дор,+ станаа ѓубриво за земјата.+ 11  А на нивните достоинственици направи им го истото што им го направи и на Орив и на Зива,+ и на сите нивни кнезови, истото што им го направи и на Зевеј и на Салман,+ 12  кои рекоа: „Да ги освоиме местата каде што живее Бог!“+ 13  Боже мој, направи ги како чичка што се тркала,+ како слама пред ветар!+ 14  Како што огнот ја гори шумата+ и како што пламенот ги пали планините,+ 15  така гони ги со својата бура+ и збркај ги со својот виор!+ 16  Покриј им ги лицата со срам,+ за да го бараат твоето име, Јехова!+ 17  Нека се засрамат и нека се збунат за сите времиња,+ нека се засрамат и нека изгинат,+ 18  за да се знае+ дека единствено ти, чие име е Јехова,+ си Севишен+ над целата земја!+

Фусноти

Изразот „синовите на Лот“ се однесува на Моавците и Амонците, спомнати во 6. и 7. стих.
Види го додатокот 12.