Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 81:1-16

На управителот, за гитит.*+ Асафов псалм. 81  Извикувајте му радосно на Бог, нашата сила,+ извикувајте му победнички на Богот на Јаков!+   Запејте песна+ и земете дајре,+ милозвучна харфа и псалтир!+   При млада месечина трубете во рогот,+ при полна месечина, на денот на нашиот празник!+   Зашто, тоа е уредба за Израел,+ закон од Богот на Јаков.   Како сведоштво* ја постави над Јосиф,+ кога одеше низ египетската земја.+ Слушав јазик што не го познавав.+   „Му го тргнав товарот+ од рамото, му се ослободија рацете од кошницата.+   Во неволја повика, и јас те избавив,+ и одговорив од скривницата на громовите.+ Те искушував кај водите на Мерива.+ (Села)   Слушај, народе мој, и јас ќе сведочам против тебе,+ о Израеле, ако ме послушаш!+   Кај тебе ќе нема непознат бог;+ и нема да му се клањаш на туѓ бог.+ 10  Јас, Јехова, сум твојот Бог,+ оној што те изведе од египетската земја.+ Отвори ја ширум устата, и јас ќе ја наполнам со храна.+ 11  Но мојот народ не го слушаше мојот глас,+ Израел никако не сакаше да ме послуша.+ 12  Затоа го пуштив да се поведе по своето тврдокорно срце,+ и тој одеше по своите замисли.+ 13  О, да ме слушаше мојот народ,+ да одеше Израел по моите патишта!+ 14  Лесно ќе ги покорев неговите непријатели+ и ќе ја кренев раката+ против неговите противници. 15  А оние што многу го мразат Јехова, покорно ќе дојдат кај него,+ а нивните денови ќе траат со векови. 16  Тој ќе го храни својот народ со најдобрата пченица.+ Од карпа ќе те наситам со мед.“+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 8, наслов.
Или: „опомена“. Спореди ја фуснотата за Пс 119:2.