Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 80:1-19

На управителот, за „Криновите“.+ За потсетување. Асафов псалм.+ Песна. 80  Пастиру Израелов, слушај,+ ти што го водиш Јосиф како стадо!+ Ти што седиш на херувимите,*+ блесни!+   Пред Ефрем, Венијамин и Манасија разбуди ја  својата моќ+ и дојди, спаси нѐ!+   Боже, врати нѐ на она што го имавме порано,+ и нека блесне твоето лице, за да се спасиме!+   О Јехова, Боже над војските, до кога ќе се гневиш на молитвите на твојот народ?+   Ги храниш со солзи како да се леб+ и обилно ги поиш со солзи.+   Ти направи да се караат за нас нашите соседи+ и нашите непријатели ни се потсмеваат како што сакаат.+   Боже над војските, врати нѐ на она што го имавме порано!+ Нека блесне твоето лице, за да се спасиме.+   Од Египет изведе лоза,+ ги истера народите за да ја посадиш.+   Го исчисти местото за неа+ за да пушти корен и да се прошири по целата земја.+ 10  Планините ги покри со својата сенка и Божјите кедри со своите гранки.+ 11  Ги пушти своите гранки дури до морето+ и своите ластари до Реката.*+ 12  Зошто ѝ ги урна камените ѕидови,+ па да берат од неа сите што минуваат по патот?+ 13  Вепарот од шумата ја подгризува+ и мноштво полски животни се хранат од неа.+ 14  Боже над војските, врати се, те молам!+ Погледни од небото, види и погрижи се за оваа лоза,+ 15  за стеблото што го посади+ твојата десница, погледни го синот што го зајакна заради себе!+ 16  Со оган е запалена, одрежана.+ Од заканата на твоето лице тие гинат.+ 17  Твојата рака нека почива врз човекот на твојата десница,+ над синот човечки кого го зајакна заради себе,+ 18  и ние нема да се одметнеме од тебе.+ Зачувај нѐ живи за да го повикуваме твоето име!+ 19  О Јехова, Боже над војските, врати нѐ на она што го имавме порано!+ Нека блесне твоето лице, за да се спасиме!+

Фусноти

Херувими се ангели на висока положба.
Односно Еуфрат.