Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 8:1-9

На управителот, за гитит.*+ Давидова песна. 8  О Јехова, Господару наш, колку е величествено името твое по целата земја,+ за твојата чест се зборува над небесата!+   Со зборовите од устата на деца и на доенчиња им ја покажа својата сила+ на оние што ти се противат,+ за да ги запреш непријателот и одмаздникот.+   Кога ги гледам небесата твои, дело на твоите прсти,+ месечината и ѕвездите што си ги направил+   што е смртниот човек,+ па да мислиш на него,+ и земниот човек, па да се грижиш за него?+   Си го направил малку помал од оние што му се слични на Бог,*+ со слава+ и со сјај си го овенчал.+   Си му дал да владее над делата на твоите раце,+ сѐ си ставил под неговите нозе:+   сета ситна стока и говедата,+ и полските животни,+   птиците небесни и рибите морски,+ сѐ што плива по морските патеки.+   О Јехова, Господару наш, колку е величествено името твое по целата земја!+

Фусноти

„Гитит“ — хебрејски музички израз чие точно значење не е познато.
Или: „од ангелите“.