Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 79:1-13

Асафова песна. 79  Боже, народите дојдоа во твоето наследство,+ го осквернија твојот свет храм,+ а Ерусалим го претворија во урнатини.+   Труповите на твоите слуги им ги дадоа за храна на небесните птици,+ телата на твоите лојални слуги — на земните ѕверови.+   Нивната крв ја пролеаја како вода насекаде по Ерусалим, и нема кој да ги закопа.+   Станавме за срам пред своите соседи,+ за потсмев и за исмејување пред оние што се околу нас.+   До кога ќе се гневиш, Јехова? Зар засекогаш?+ До кога ќе гори како оган твојата јарост?+   Излеј го својот гнев врз народите што не те познаваат+ и врз царствата што не го повикуваат твоето име!+   Зашто, го изедоа Јаков+ и го опустошија неговото живеалиште.+   Заборави ни ги гревовите на нашите предци!+ Побрзај! Нека нѐ пресретне твојата милосрдност,+ зашто сме во голема мака.+   Помогни ни, Боже на нашето спасение,+ заради славата на своето име,+ избави нѐ и покриј ги нашите гревови заради своето име!+ 10  Зошто народите да велат: „Каде е нивниот Бог?“+ Пред наши очи нека дознаат+ народите дека ја одмаздуваш пролеаната крв на своите слуги!+ 11  Нека допрат до тебе воздишките на затвореникот!+ Со силата на својата рака зачувај ги оние што се одредени за смрт!+ 12  И на нашите соседи врати им го седумпати во нивната пазува+ потсмевот со кој ти се потсмеваа тебе, Јехова!+ 13  А ние, твојот народ и стадото на твоето пасиште,+ ние ќе ти благодариме довека, од поколение во поколение ќе ја објавуваме твојата фалба.+

Фусноти