Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 78:1-72

Маскил.* Асафов псалм.+ 78  Слушај го мојот закон, народе мој,+ приклони го увото кон зборовите на мојата уста!+   Со изреки ќе ја отворам устата,+ од мене ќе навираат дамнешни загатки,+   она што го чувме и го дознавме+ и ни го раскажуваа нашите татковци,+   тоа не го криеме од нивните синови,+ туку на идното поколение му зборуваме за нив,+ за фалбите на Јехова и за неговата сила+ и за чудесните работи што ги направи.+   Подигна сведоштво* во Јаков+ и постави закон во Израел,+ зборови што им ги заповеда на нашите татковци+ за тие да им ги објават на своите синови,+   и да дознае за нив идното поколение, синовите што ќе се родат,+ па да станат и да им зборуваат за нив на своите синови+   и да имаат доверба во Бог+ и да не ги заборават Божјите дела,+ туку да ги држат неговите заповеди,+   за да не станат како своите татковци,+ поколение тврдоглаво и бунтовно,+ поколение кое не го подготви своето срце+ и не му беше верно на Бог со својот дух.+   Синовите на Ефрем, иако беа стрелци вооружени со лакови,+ се повлекоа во денот на битката.+ 10  Не го држеа сојузот на Бог+ и не сакаа да живеат* по Божјиот закон.+ 11  И го забораваа она што го направи тој,+ неговите чудесни дела кои им ги покажа.+ 12  Пред нивните татковци направи чуда+ во египетската земја,+ во соанското поле.+ 13  Го раздвои морето за да можат да поминат+ и ја исправи водата да стои како ѕид.+ 14  Со облак ги водеше дење,+ а со светлината на огнот по цела ноќ.+ 15  Ги расцепи карпите во пустината+ за да ги напои изобилно како од водна бездна.+ 16  Од карпа извади потоци+ и направи да потечат води како реки.+ 17  А тие уште повеќе му грешеа,+ бунејќи се против Севишниот во безводниот крај,+ 18  и го искушуваа Бог во своето срце+ барајќи јадење за својата душа.+ 19  Почнаа да зборуваат против Бог.+ Рекоа: „Може ли Бог да постави трпеза во пустината?“+ 20  Еве, удира во карпа+ за да потечат води и да бликнат порои.+ „Може ли да ни даде и леб,+ да набави храна за својот народ?“+ 21  Јехова го чу тоа и многу се разгневи,+ и се распали оган против Јаков,+ гнев се подигна против Израел.+ 22  Зашто, не му веруваа на Бог+ и немаа доверба во неговото спасение.+ 23  А тој им даде заповед на небесните облаци во висините и ги отвори вратите на небото.+ 24  Како дожд истураше на нив мана за да јадат,+ им даде жито небесно.+ 25  Луѓето го јадеа лебот на оние што се посилни од луѓето,+ им испраќаше храна до ситост.+ 26  Им подигна источен ветар од небото+ и со својата сила го пушти јужниот ветар да дува.+ 27  И направи врз нив да паѓа храна како прашина,+ да паѓаат крилести птици како морски песок.+ 28  Ги пушти да паѓаат среде неговиот логор,+ насекаде околу неговите шатори.+ 29  А тие јадеа и сосема се наситија,+ она што го сакаа, тоа им го донесе.+ 30  Но не се одвратија од својата желба. Храната уште им беше во устата,+ 31  кога се подигна против нив Божјиот гнев.+ И почна да ги убива нивните силни луѓе,+ ги собори младите мажи во Израел. 32  Покрај сето тоа, уште повеќе грешеа+ и не веруваа во неговите чудесни дела.+ 33  Затоа нивните денови исчезнаа како здив+ и нивните години ги прекина со ужас. 34  Кога ги убиваше, тогаш прашуваа за него,+ се враќаа и го бараа Бог.+ 35  Тогаш се сеќаваа дека Бог е нивната Карпа,+ дека Севишниот Бог е нивниот Одмаздник.+ 36  И сакаа да го измамат со својата уста,+ го лажеа со својот јазик.+ 37  Нивното срце не му беше оддадено+ и не беа верни на неговиот сојуз.+ 38  Но тој беше милосрден,+ им простуваше за нивниот престап+ и не ги истреби.+ Многупати го одвраќаше својот гнев+ и не пламнуваше сета негова јарост. 39  Си спомнуваше дека се тело,+ дека духот* заминува и не се враќа.+ 40  Колку пати се бунеа против него во пустиот крај,+ го жалостеа во пустината.+ 41  И секогаш одново го искушуваа Бог+ и му нанесуваа болка на Израеловиот Светец.+ 42  Не се сеќаваа на неговата рака,+ на денот кога ги откупи од противникот,+ 43  на начинот на кој ги правеше своите знаци во Египет+ и своите чуда во соанското поле,+ 44  и како им ги претвори во крв нилските канали,+ па не можеа да пијат од своите потоци.+ 45  Им испрати коњски муви за да ги јадат+ и жаби за да ги мачат.+ 46  Нивниот род им го даде на лебарките и нивниот труд на скакулците.+ 47  Нивните лозја ги уништи со град+ и нивните смокви со зрна град.+ 48  Му ја предаде нивната стока+ на градот и нивните стада на силната треска. 49  Го испраќаше врз нив својот распламтен гнев,+ бес, осуда и несреќа,+ чети ангели што носат неволја.+ 50  Подготви пат за својот гнев.+ Нивната душа не ја зачува од смртта, нивниот живот му го предаде на поморот.+ 51  На крајот покоси сѐ што беше првородено во Египет,+ нивните првенци во шаторите на Хам.+ 52  Потоа го изведе својот народ како овци+ и како стадо го водеше низ пустината.+ 53  Ги водеше сигурно и не се плашеа.+ Морето ги покри нивните непријатели.+ 54  Ги доведе во својот свет крај,+ во овој планински крај, кој го стекна неговата десница.+ 55  Поради нив ги истера народите,+ со мерно јаже им раздели наследство+ и им даде на племињата на Израел да живеат во своите домови.+ 56  А тие го искушуваа Севишниот Бог и се бунеа против него,+ и не се држеа за неговите опомени.*+ 57  Отстапуваа од него и му беа неверни како и нивните татковци,+ како незатегнат лак+ се свртија на другата страна. 58  Го навредуваа со своите обредни височинки+ и со своите режани ликови ја предизвикуваа неговата љубомора.+ 59  Бог го чу тоа+ и многу се разгневи,+ и многу му одмиле Израел.+ 60  На крајот го напушти својот шатор во Сило,+ шаторот во кој живееше меѓу земните луѓе.+ 61  И својата сила ја предаде во заробеништво+ и својата убавина во раката на противникот.+ 62  Својот народ го предаде на меч,+ многу се разгневи+ на своето наследство. 63  Оган ги проголта неговите млади мажи, а на неговите девојки не им пееја сватовски песни.+ 64  Неговите свештеници паднаа од меч,+ а нивните вдовици не заплакаа.+ 65  Тогаш Јехова се разбуди како од сон,+ како јунак кој се трезни од вино.+ 66  И ги удираше одзади своите противници,+ им нанесе вечен срам.+ 67  И го отфрли шаторот на Јосиф,+ и не го избра племето на Ефрем,+ 68  туку го избра племето на Јуда,+ гората Сион, која ја сакаше.+ 69  И почна да го гради своето светилиште за да стои како планинските врвови,+ како земјата што ја утврди за да стои довека.+ 70  И го избра Давид, својот слуга,+ и го зеде од овчите трла.+ 71  Го доведе откај овците доилки+ го одведе да му биде пастир на Јаков, неговиот народ,+ и на Израел, неговото наследство.+ 72  И тој ги пасеше со чисто* срце+ и ги водеше со вешти раце.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Или: „опомена“. Спореди ја фуснотата за Пс 119:2.
Буквално: „одат“.
Или: „животната сила“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.