Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 77:1-20

На управителот, за једутун.* Асафов+ псалм. Песна. 77  Со својот глас ќе повикам кон Бог,+ со својот глас ќе повикам кон Бог, и тој ќе го приклони увото кон мене.+   Во денот на својата неволја го барам Јехова.+ Ноќе ја подавам раката, и не се уморувам, мојата душа не сака да се утеши.+   Ќе се сетам на Бог, и ќе ме обземе немир,+ ќе се замислам, и ќе премалам со духот.+ (Села)   Ти ги држиш моите трепки,+ вознемирен сум, не можам да зборувам.+   Размислував за дамнешните денови,+ за годините од древното минато.   Во ноќта ќе се сетам на музиката од моите жици,+ во своето срце ќе се замислам+ и мојот дух ќе размислува за сѐ.   Ќе нѐ отфрла ли Јехова довека+ и зар не може никогаш повеќе да му се угоди?+   Засекогаш ли згасна неговата милост?*+ Зарем неговиот збор исчезна+ за сите идни поколенија?   Заборави ли Бог да биде милостив,+ ги скрати ли во гневот своите милосрдија?+ (Села) 10  Зар ќе речам: „Ова ме прободува:+ Севишниот ја повлече својата десница“?+ 11  Ќе се сеќавам на делата што ги направи Јах.+ Да, ќе се сетам на твоите дамнешни чудесни дела.+ 12  Длабоко ќе размислувам за сите твои дела,+ ќе се зафатам со твоите постапки.+ 13  О Боже, твојот пат се наоѓа на светото место.+ Кој бог е толку велик како нашиот Бог?+ 14  Ти си вистинскиот Бог, чудесни се твоите дела.+ Меѓу народите ја објави својата сила.+ 15  Со својата рака го избави својот народ,+ синовите на Јаков и на Јосиф. (Села) 16  Водите те видоа, Боже, водите те видоа, и тешки болки ги обзедоа.+ И водните бездни се разбрануваа.+ 17  Облаците громогласно излеаја вода,+ со татнеж се огласи наоблаченото небо. И твоите стрели летаа на сите страни.+ 18  Татнежот на твоите громови одекнуваше како колски тркала,+ молњи го осветлија копното,*+ земјата се заниша и се затресе.+ 19  Низ морето врвеше твојот пат,+ низ многу води поминуваше твојата патека, и твоите траги не се познаваа. 20  Својот народ го водеше како стадо,+ со раката на Мојсеј и на Арон.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 39, наслов.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „плодното тло“.