Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 76:1-12

На управителот, за жичени инструменти. Песна. Асафов+ псалм. 76  Бог е познат во Јуда,+ неговото име е големо во Израел.+   Неговото скривалиште е во Салим,+ а живеалиштето му е на Сион.+   Таму ги скрши молскавичните стрели и лаковите,+ штитот и мечот, и ѝ стави крај на битката.+ (Села)   Ти си обвиен со светлина, повеличествен од планините полни со плен.+   Ограбени се оние што беа со тврдокорно срце,+ потонаа во сон+ и на ниту еден храбар човек не му остана сила во рацете.+   Од твојата закана, Боже Јаковов, и возачот на кола и коњот цврсто заспаа.+   Ти си оној што влева страв,+ и кој може да опстане пред тебе од силата на твојот гнев?+   Од небото го огласи судскиот спор.+ Земјата се уплаши и стои мирно+   кога Бог стана да суди+ за да ги спаси сите кротки на земјата.+ (Села) 10  Зашто, човечкиот гнев ќе те фали,+ со остатокот од гневот ти ќе се опашеш. 11  Заветувајте се и исполнете ги заветите пред Јехова, својот Бог, сите вие што сте околу него!+ Донесете подарок со страв!+ 12  Тој ќе ги понижи водачите,*+ им влева страв на царевите на земјата.+

Фусноти

Буквално: „духот на водачите“.